1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

„Горчлив“ старт во Лигата на шампионите

Германската екипа Хамбурегер поразена на домашен терен од минатогодишниот европски вицешампион Арсенал во првото коло од натпреварите во групата Г.

Фановите на Хамбургер беа лути по мечот со Арсенал

Фановите на Хамбургер беа лути по мечот со Арсенал

Еден сомнителен пенал и еден извонреден гол на доскорешниот бундеслигаш Томаш Розицки , целосно го расипаа камбекот во Лигата на шампиони на екипата на Хамбургер . Бундеслигашот во првиот натпревар во групата Г , изгуби на домашен терен од Арсенал со 2:1 .

Но играчите на Хамбург останаа лути на судијата , поради црвениот картон кој уште во десетата минута му го покажа на голманот Саша Кирштајн , по неговиот старт во шеснаестерецот врз Робин ван Перси.

И тренерот Томас Дол смета дека Перси го изглумил пеналот и оти за таков ненамерен старт судијата кога веќе неправедно досудил пенал не требал да го исклучи Кирштајн.

„Така тој нормално во таква ситуација ни ја уништи целата наша игра“ - истакна Дол.

Инаку вториот натпревар во групата Г Порто и ЦСКА Москва одиграа нерешено 0:0 .

Вчера инаку се одиграа и првите натпревари и во групите Е, Ф и Х.

Го издвојуваме поразот на засилениот Реал од Мадрид против францускиот шампион Лион, со 2:0 , во групата Е , како и извонредно возбудливите 3:2 на Манчестер Јунајтед во островското дерби против Селтик од Глазгов.