1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Горчлив пораз на наследниците на Хајдер

Наследниците на австрискиот десничарски популист Јерг Хајдер мора да ја предадат власта во нивното упориште, покраината Корушка. Изненадување предизвика пласманот на партијата на 80-годишниот милијардер Франк Штронах.

Австрискиот најголем булеварски весник „Кронен цајтунг“ покраинските избори во Корушка во Австрија ги нарече „политички земјотрес“. Сериозниот весник „Стандард“ пак коментира: „Системот на Јерг Хајдер е урнат“. Партијата наследник на десничарскиот популист Јерг Хајдер, Слободарска партија ФПК, освои само 17 проценти од гласовите, што е изненадување по резултатот од 45 насто во 2009 година. Бројни корупциски скандали од ерата на во 2008 година загинатиот во сообраќајка десничарски политичар Јерг Хајдер имаат придонес во тоа. Јасен победник на изборите е Социјалдемократската партија на Австрија со околу 37 проценти. Нејзиниот кандидат Петер Кајзер веројатно ќе биде новиот покраински премиер во Корушка, каде досега суверено владееја десните популисти.

Magna möglicher Kandidat für Übernahme von Opel

Австриски Бепе Грило-Франк Штронах

Изненадување предизвика и пласманот на Франк Штронах, 80-годишниот милијардер и новајлија на австриската политичка сцена, кој вложи огромни суми во изборната кампања. Во Корушка тој освои 11,3, а во покраината Долна Австрија, каде вчера исто така се гласаше, 9, 8 проценти од гласовите. Штронах претежно ги привлече гласачите кои гласаа од протест, на сметка на десноопопулистичките „слободари“, вели политикологот Антон Пелинка:

„Слободарците се всушност жртвата на појавувањето и успехот на Франк Штронах“.

„Тим Штронах“, партијата на Франк Штронах инаку беше формирана дури во септември 2012 година. Неговите ветувања беа-ќе биде поразличен од другите кандидати и ќе ги почитува вредностите како транспарентност и искреност. Аналитичарите неговата партија ја споредуваат со Пиратите во Германија и со Движењето пет ѕвезди на италијанскиот комичар Бепе Грило.

Штронах е Австроканаѓанец, роден во 1932 година во Клајнсемеринг како Франц Штрозак. Основачот на лиферантот за автомобилски делови Магна сврте внимание врз себе со котроверзните изјави, важи за еврокритичар, ветува почитување на основните правила на слободниот пазар и справување со долговите и прекумерната администрација.