1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Горчливиот вкус на директната демократија во Хрватска

Хрватските граѓани на референдум одлучија за промена на уставот на сметка на истополовите бракови. Референдумот на крајот се сведе на судири меѓу урбаните елити и конзервативното, во дел навистина хомофобично мнозинство.

И таканаречената директна демократија може понекогаш да тргне во погрешна насока. Тоа во викендот што е зад нас јасно го докажа најмладата членка на Европската унија. За да ги зголеми изгледите за влегување на земјата во ЕУ, хрватската влада пред две години ги ублажи условите за организирање на референдум во земјата, такашто сега не постои одредница за минимален одзив на гласачи ниту ограничувања за темите на референдумот.

Една граѓанска иницијатива сега на владата во Загреб за тој со добри намери составен, но лошо изведен закон, и‘ врачи незгодна сметка, Забраната на испополови бракови, од која произлегува и дискриминација на хомосексуалците и на лезбејките сега би требало да биде запишана и во Уставот. Со оглед на тоа дека на референдумот учествуваше мал број граѓани, околу 38 насто, на малцински дел од населението навистина му успеа да му го наметне своето мислење на мнозинството.

Несигурно општество

И референдумот токму како и вжарените и непријателски настроени расправи пред самото одржување на народното изјаснување, и тоа како се доказ за општораширената хомофобија, недостатокот на толеранција како и за културата на судири кои владеат во хрватското општество. Бидејќи за воведување на хомосексуални бракови пред референдумот никој не ни говореше. Клерикално-конзервативната граѓанска иницијатива „Во име на семејството“ во акција тргна од чисто убедување и набргу пронајде повеќе од доволно приврзеници кои за своите непријателски гледишта спрема хомосексуалците на крајот добија поддршка во јавноста.

Pargan Benjamin Kommentarbild App NICHT MEHR VERWENDEN

Авторот на коментарот Бенјамин Парган

Целата расправа на крајот покажа во колкава мерка Хрватите се несигурни, фрустрирани и огорчени и тоа неполна година по влегувањето на нивната земја во ЕУ. Економските проблеми, големата невработеност, недостатокот на перспектива и стравот од губење на националниот идентитет се главните проблеми на речиси болното хрватско општество, општество без илузии.

Патот е сѐ уште долг

Хомосексуалците се жртвени јарци и колатерална штета на остриот судир меѓу либералните урбани елити и конзервативното, католички настроено и во дел навистина хомофобно мнозинство. Таквиот развој на настаните претставува сериозна опасност за демократскиот развој на Хрватска. Денес на дневен ред се хомосексуалците, а утре цел на бесот на народот би можеле да бидат националните малцинства, бидејќи веќе е во тек една нова граѓанска иницијатива, која вредно собира потписи за референдум за ограничување на правата на српското малцинство.

Затоа хрватската влада, која инаку сосем децидно се изјасни против штотуку одржаниот референдум, мора што е можно побргу да го промени законот и за идните референдуми да определи јасни услови, како што е на пример минимална излезност од 50 проценти како и норми за тоа за какви содржини може да се гласа на референдум. Тоа е неопходно за да се спречат референдуми со дискриминаторски карактер. И пред самиот референдум беше јасно дека пред Хрватска е долг пат на демократски развиток и покрај влегувањето во Европската унија. Тоа сега уште еднш е потврдено и не изненадува тоа што во жолчните расправи во пресрет на референдумот дури и некои граѓани сметаа дека Хрватите не се подготвени за „неограничената демократија на референдумите“.

DW.COM