1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Горка реалност-победа на Ахмадинеџад

Спорниот ирански претседател победи на претседателските избори во Иран. Резултатот е неочекуван, но епилогот ќе следува.

default

Махмуд Ахмадинеџад

Последните претседателски избори во Иран беа едни од најважните во земјата, со последици за регионот, за светот и за иранското општество. Поразот на радикалниот Хезболах во Либан претходно беше прв чекор во правец на реализирање на стратегијата на американскиот претседател Барак Обама за Блискиот Исток. Промена на власта во Иран во корист на реформаторите ќе олеснеше приближување кон Запад, ќе овозможеше директни разговори со САД и позитивно влијание кон нивната стратегија. Патот меѓутоа останува трнлив. Новиот претседател во Техеран е стариот-тврдокорниот Махмуд Ахмадинеџад. Неговата јасна победа дојде неочекувано. Експертите очекуваа изедначена трка со умерениот предизвикувач Мир Хусеин Мусави. Сега се засилуваат сомневањата за можна изборна манипулација. Техеран и другите градови се под силна контрола на власта, ограничени се информациите на интернет. Но, победата на ултраконзервативните над „Зелениот цунами“, како што го нарекуваат Мусави, сигурно ќе има епилог. Таа е истовремено и горка реалност, победа над надежта, надежта на младо и полно живот општество, кое презеде се‘ за да му стави крај на кошмарот. Сега кошмарот продолжува, но животот исто така.

Изборната борба беше без пример досега. За првпат имаше ТВ-дуели на кандидатите. Така милиони гледачи одблизу ја следеа безграничната битка на кандидатите. Шесте соочувања пред камерите беа возбудливи, информативни, откривачки. Најважниот збор во оваа борба беше -„корупција“. Тоа сигурно ќе има последици.

Бројни проблеми пред Ахмадинеџад

Новиот-стар претседател ќе треба да се бори со поранешните,

Symbolbild Gleichberechtigung Iran Frauen

Жените во Иран бараат рамноправност

но и со новите проблеми: модерните жени, кои со години војуваа против патријархалното општество и заостанатата слика за жената, сега нема толку лесно да го прифатат она што има да им го понуди Ахмадинеџад. Добро образованата и отворена кон светот иранска младина, која ја надмина политичката летаргија и повторно стана активна, нема да се откаже од своите оправдани барања. Религиозните и етнички малцинства, кои страдаа под репресалиите на политиката на ултраконзервативните на Ахмадинеџад во последните години, ќе ја продолжат битката за цивилни права со нов поттик. Организациите за човекови права посилно ќе побараат збор. Економските проблеми, настанати поради економската криза и погрешната стопанска политика, ќе одат рака под рака со санкциите, коишто силно ќе го оптоварат вториот мандат на Ахмадинеџад.

Но, едно е јасно: спорната атомска програма под власта на Ахмадинеџад и натаму ќе се развива, а тој и натаму ќе го „усреќува“ светот со своите спорни изјави.


Автор на коментарот: Џамшед Фаруги

Превод: Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска