1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гордон: Вратите на НАТО отворени за сите демократски земји во Европа

Некои земји-членки на НАТО се скептични во однос на проширувањето на Алијансата, но САД сметаат дека вратите остануваат отворени за демократските земји во Европа.

Пораката беше испратена преку американскиот помошник-државен секратар за прашањата за Европа и Евроазија, Филип Гордон во вчерашното обраќање до Сенатот. Како единствена причина за тоа дека на претстојниот самит на НАТО, кој ќе се одржи на 20. и 21. мај во Чикаго, нема да се разгледува прашањето за приклучување на која било земја, Филип Гордон го посочи фактот дека секој случај треба да се разгледа индивидуално.

„Ќе бидам искрен. Сите членки на НАТО не гледаат со ентузијазам на проширувањето.

Philip H. Gordon US Aussenministerium

Филип Гордон имаше обраќање во Сенатот

Понекогаш е потребно време за решавање на проблемите“, изјави американскиот дипломат.

Гордон истакна дека Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија тесно соработуваат со НАТО со цел да ги исполнат критериумите за членство во Алијансата.

Американскиот претседател Барак Обама и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ја разгледаа програмата на претстојниот самит и се согласија дека вниманието треба да биде насочено кон три главни теми - ситуацијата во Авганистан, развојот на одбранбените способности и проширувањето на партнерството во рамки на Алијансата.