1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гордиев јазол во Тајланд: монархија или демократија?

Тајланд е длабоко поделен: на една страна е владата, поддржувана од сиромашното земјоделско население. На другата страна се демонстрантите, кои ги запоседнаа аеродромите, старите елити и армијата. И кралот нема решение.

default

Опозицијата запоседнува аеродроми

Тајланд е на пат кон хаос и анархија. Во моментов изгледа дека тоа ништо не може да го спречи. Владините противници се забарикадирани зад бодликавите жици. Се чини дека ќе биде тешко, со денови блокираниот меѓународен аеродром во Банкок да биде расчистен без употреба на масивна сила.

Демонстрантите сакаат да изнудат оставка на владата и подготвени се да умрат за тоа. Но, и да биде исполнето нивното барање, во Тајланд нема да има мир. Поддржувачите на владата најавија бунт, ако треба и со сила, во случај на изнудена оставка на премиерот Сомчаи Вонгсават или на воен пуч.

Кралот, кој во Тајланд се почитува како полубог, досега молчи. Очигледно не знае како да ја реши кризата. И владата што би ја именувал, би била само привремено решение.

Thailand Militär-Putsch Soldaten bewachen wichtige Zufahrtstraße in Bangkok, Thailand

Во 2006 - та година војската изведе пуч во Тајланд

Пат позиција

При повторни парламентарни избори, со голема веројатност пак би победиле владините партии, а тоа т.н. „Народна алијанса за демократија“ нема да го дозволи. Овој вонпарламентарен опозициски сојуз од академици и бизнисмени, очигледно поддржуван и финансиран од ројалистите, е се‘ само не демократски. Претставниците на граѓанската средна класа во Банкок не сакаат да го прифатат принципот според кој во демократска земја решавачки збор има мнозинството. Тоа во Тајланд живее на село, сиромашно е и понеобразовано, а при изборите гласа поинаку од она што за исправно го смета старата елита во Банкок.

Политичкиот табор околу соборениот поранешен премиер Таксин Синаватра го придоби земјоделското население со популистичка политика, со изборни подароци и со купување гласови. "Партијата на народната сила“ мора да смета на скор распад, иако е легитимирана преку демократски избори, не може да се повика на демократијата.

König Bhumibol feiert 60. Thronjubiläum

Тајландскиот крал Бумибол

Притисоци заради исполнување политички цели

Демонстрантите на аеродромот во Банкок и‘ нанесоа тешки штети на својата земја. Тајландската туристичка индустрија долго нема да може да се опорави од овој удар. Ваквите методи за постигнување политички цели, на што се подготвени двете страни, јасно покажуваат дека тајландското општество ни оддалеку не е зрело за демократија според западен принцип.

Монархија или демократија, тоа е се чини коренот на целото зло. Кралот Бумибол Адулиадеј за неколку дена ќе наполни 81 година. Судирите во Тајланд се и борби за наследник меѓу различните политички табори, кои сакаат да се здобијат со позиции за периодот по смртта на стариот и болен крал. Ројалистите стравуваат за своето влијание, зашто кога ќе дојде на власт престонаследникот, кој не ужива толкав углед кај народот како неговиот татко, може да започнат обиди за модернизација на политичкиот систем на Тајланд. Тоа може да значи укинување на монархијата.