1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Горанчо Котески нов началник на ГШ на АРМ

Бригадниот генерал Горанчо Котески, досегашен командант на Здружената оперативна команда, е назначен за нов началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

default

Војници на АРМ

Указите за поставувањето на Котески за прв човек на АРМ, како и за унапредување во чин генерал-мајор, денеска во Охрид ги потпиша шефот на државата Ѓорге Иванов.
46-годишниот Котески доаѓа на местото на генерал - потполковник Мирослав Стојановски кој заминува од фунцијата поради истек на мандатот.

General Miroslav Stojanovski

Досегашниот началлник на ГШ на АРМ, Мирослав Стојановски

Tojе единствениот активен генерал кој ги исполнува НАТО стандардите, владее англиски и германски јазик. Дипломирал на НАТО колеџот во Рим, а бил и воено аташе во Германија. Котески ја извршувал функцијата аѓутант на претседателот Иванов, а во март годинава беше назначен за командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ.
Претседателот Иванов по потпишувањето на указот изрази очекување дека генералот Котески ќе ги продолжи реформите на АРМ со цел нејзино натамошно етаблирање како модерна и ефикасна сила и гарант на мирот и стабилноста.
Преходно му заблагодари на генерал - потполковник Стојановски за неговиот професионален ангажман во вршењето на високата должност во Армијата на Република Македонија.

Автор:БГ/СН/миа

Редактор: Симе Недевски