1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гораните се жалат на крадци од Албанија

Населението во пограничните области на косовската општина Драгаш се жалат дека крадци ги напаѓаат од соседна Албанија. Велат дека на удар им е стоката, шумите, ливадите, дури и куќите...

Во Горен и Долен Крстец, на падините на Коритник, како и на самата граница со Албанија, со молба да не им се споменуваат имињата, мештаните велат дека се соочуваат со секојдневни проблеми.

„Пред десетина дена на еден жител му беше украдена крава. На овој човек исто така му беше украдена крава. И еден човек убија. Луѓе купуваат плацеви на Марс, а ние овде се барикадираме“, вели еден млад жител на Долен Крстец.

„Буквално да спиеш со полна пушка, денес во 21. век, можно ли е тоа? Ми влегоа и дома, отидов во полиција да побарам потврда- не ми даваат! Барав записник, ни тоа не даваат“, вели еден постар жител.

„Јас секоја година садам по 30-ина садници. Кога ќе се вратам следната година нема ниту една“, вели еден пензионер.

Mehmed Hamza, Kosovo

Мехмед Хамза

Во соседна општина Зли Поток, слична ситуација. Директорот на општинската канцеларија за заедници и враќање во Драгаш, Мехмед Ханза, ги потврдува кражбите, но вели дека тоа е „сомнителна појава која доаѓа до израз само во лето“.

„Мора да се земе предвид дека не се сите крадци од Албанија, туку дека постојат и тукашни. Ние многу пати на таа тема разговаравме во Кукс, Призрен или Драгаш со претставници на општините. Но, и тука полицијата мора да води сметка за оние луѓе кои имаат криминално минато, а кои се на нашата косовска страна“, вели Хамза.

Политичка инструментализација

Командантот на полициската станица во Драгаш, Гзим Зогај, вели дека овие проблеми за нив се приоритетни. Тој апелира на подобра соработка на

Gzim Zogaj, Polizeikommandant aus Dragas, Kosovo

Гзим Зогај

населението, бидејќи границата во неговата зона на одговорност е долга 65 километри.

„Врз основа на полициската евиденција, во текот на 2012 година сме имале пет случаи на кражби во сите 18 горански села. Реално, во општината криминалот опаѓа. Но немаме доволна соработка со мештаните од пограничните села, што е резултат на делувањето на различни структури, дел и нелегални. Тоа повремено се инструментализира со создавање на божемна несигурност, но тоа е поврзано и со носталгија по претходниот систем“, вели Зогај.

Тој објаснува дека се соработува и со албанската полиција, но поради конфигурацијата на теренот, тоа не секогаш дава резултати.