1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Гома, ОН и разјаснување на настаните

Советот за безбедност на ОН изгласа резолуција со која се предвидуваат санкции за лидерите на бунтовниците на М23, „Движењето 23 март“ во Конго, кое е обвинето за прекршувања на човековите права.

По заземањето на граничниот град Гома, бунтовничката милиција М23 во Конго според проценките на ОН извршила тешки прекршувања на човековите права. Светската организација располага со информации според кои бунтовниците од племето Тутси напаѓале цивили, киднапирале жени и деца, уништувале приватен имот и ги заплашувале своите противници.

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус побара проверка на мандатот на мисијата на ОН во Демократска Република Конго. Фабиус го критикуваше пред се‘ тоа што околу 17 илјади војници, припадници на сините шлемови од ОН не успеаја да го спречат заземањето на Гома од страна на повеќе стотици бунтовници. ОН ги обвинуваат Уганда и Руанда за поддршка на бунтовниците од М23. Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која ја осуди секоја поддршка на милицијата од странство и воведе санкции за водачите на милицијата.

М23 е формирано годинава од поранешни бунтовници, кои беа интегрирани во армијата во 2009. година, и сега тврдат дека Владата не се придржува до договорот.