1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Голиот принц Хари и слободата на печатот

Британскиот булеварски весник „Сан“ ги објави фотографиите на голиот принц Хари во Лас Вегас на правата страница и притоа се повика на слободата на печат. Случајот сега може да се најде пред британската Етичка комисија.

Она што почна како интернет сензација, во која еден американска трач интернет страница ги објави сликите на голиот принц Хари направени при стрип-билјард, во меѓувреме се претвора во голема медиумска дебата околу значењето на слободата на печатот наспроти правото на приватност.

Булеварскиот весник „Сан“, и покрај предупредувањето на Палатата, ги објави фотографиите на Хари. „Нам ни е до слобода на печатот“, изјави Дејвид Динсмор, кој е дел од раководството на весникот. „Станува збор за апсурдна ситуација - една слика да може да ја видат милиони луѓе на интернет, но да не може да се види во најголемиот весник во земјата“, додава Динсмор.

Flash-Galerie europäische Königshäuser Großbritannien Schloß Buckingham Palace in London

Ќе поднесе ли жалба Бакингамската палата?

Сега Комисијата за етика на печатот, кој е медиумски орган за саморегулација, го разгледува прашањето дали да се вклучи во случајот. „Тука е важни мислењето на погодените лица. Значи мора да видиме што ќе кажат претставниците на принцот Хари и дали сакаат да вложат официјална жалба“, нагласува Џонатан Колет, член на Комисијата. Досега има жалби само од одделни граѓани. Тие сметаат дека она што го направил Хари не е толку страшно: „Тоа не е ничија работа. Тој се забавувал и потоа се нашол на интернет, но тоа е така денес“, вели еден Британец, а како него размислуваат многумина.

Наредниот проблем за весниците на Мардок

Дополнително масло на огнот приказната добива со скандалот на прислушување кој се одвива во заднина. Истражна комисија и натаму работи на случајот со илегални методи на прибирање информации од страна на весниците на Руперт Мардок, како „Њус оф д Ворлд“. Судската постапка е тукушто отворена, а еден од весниците на Мардок со објавувањето на фотографиите на голиот принц веќе повторно предизвикува внимание. Еден од водечките новинари во весникот „Њус оф д Ворлд“ кој во меѓувреме престана да

Prinz Harry

Ноќ што ќе му преседне - принцот Хари

излегува од печат, ја брани акцијата на „Сан“: „Тоа е исправна одлука. Ако Палатата сега поднесе официјална жалба, ќе мора да се оди на суд, а тоа би бил процес кој ќе предизвика многу големо внимание и во кој ќе станува збор за законот за човекови права и правото на приватност“.

И тоа, се разбира, би бил празник за булеварскиот печат. Политичарот од редовите на лабуристите Џон Прескот, кој се вбројува во жртвите на скандалот со прислушување на весниците на Мардок, околу мотивите на весникот во случајот со принцот цинично констатира: „Се работи само за пари. Некој прави фотографија и заработува пари, други ја кулуваат и заработуваат уште повеќе пари. Тоа нема ништо со јавниот интерес наспроти приватната сфера, туку станува збор само за профит“.

Во меѓувреме, наводно во Лас Вегас се понудени на продажба и други фотографии од спорната ноќ на принцот Хари . Принцот веројатно ќе ја проколне ноќта во коцкарскиот рај Лас Вегас.