1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Голем удар против терористите во Чеченија

Водачот на чеченските бунтовници, Шамил Басајев според официјални руски извори е мртов. Најбараниот терорист во Русија во Северен Кавказ подготвувал напад за планираниот самит на Г8. Шефот на руската внатрешна тајна служба Николаи Патрушев вечера информацијата му ја пренесе и на рускиот претседател Владимир Путин.

Шамил Басајев

Шамил Басајев

Ова беше голем удар врз чеченскиот тероризам. По долгогодишна интензивна потрага во текот на ноќта кон понеделникот на руската тајна служба и успеа да го убие најбараниот терорист на Чеченија, Шамил Басајев. Сеуште не се познати детали од операцијата. Шефот на руските тајни служби Николај Патрушев во понеделникот во Кремљ му поднесе извештај на рускиот претседател Путин „Во Ингушија во текот на ноќта беше спроведена специјална операција. Во текот на операцијата беа убиени Басајев и други бандити. Тие подготвуваа терорситичка операција во Ингушија.“

Веќе од поодамна се стравува дека чеченските терористи би можеле да изведат терористички напад во истовреме кога ќе се одржува самитот на Г8. Сепак не се знае дали информацијата на руската тајна служба соодветствува на вистината. За Владимир Путин во секој случај ова е голем успех „Ви честитам Вам и на сите соработници на нашите специјални единици. Ова е соодветна одмазда за нашите убиени деца во Беслан, во Будјоновск или каде и да е во Русија. Но терористичката опасност сеуште постои и мора и натаму да работиме ефективно.“

На сметка на Басајев се препишуваат голем број грабнувања и крвави терористички чинови. Во Будјоновск, јужна Русија во 1995 година во негов раце зема цела болница со 1.500 луѓе, 130 ги загубија животите. Во октомври 2002 година по негова наредба терористите влегоа во театарот во Москва, биланс 129 мртви. Во септември 2004 година Басајев го нареди грабнувањето во Беслан, 330 луѓе загина меѓу нив голем број деца.

Речиси сите политичари во Русија ја позравија веста за убиството на Басајев, а прмиерот на Чеченија Рамсис Кадиров смета дека наскоро ќе бидат убиени и последните терористи во Чеченија. Портпарол на чеченската влада во егзил, во Лондон појасни дека борбата за независност на Чечанија продолжува, во секој случај со политички средства.