1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Голем удар на италијанската полиција против мафијата

Италијанските органи за борба против мафијата (ДИА) и‘ зададоа голем удар на мафијата. Тие запленија имот во вредност од повеќе од 1,3 милијарди евра. Ова е досега најголема акција од ваков вид, јави агенцијата АНСА.

Во фокусот на истрагата на ДИА (на фотографијата горе - припадник на ДИА)беше претприемачот Вито Накастри, шеф на најголемиот италијански концерн за сончева енергија и енергија од ветер, кој беше наречен „крал на алтернативните енергии“. Тој, меѓу другото, негувал деловни односи со луксембуршки, дански и шпански друштва и вредноста на своите фирми ја прикажувал прениско пред даночните власти.

Акција „среде срце“

Акцијата го погоди опкружувањето на Коза Ностра среде срце, коментира полицијата. Истрагата покажала дека Нaкастри својот претприемачки успех го должи делумно и на својата блискост со организираниот криминал. Електричарот по професија пред неколку години почна да се искачува по скалилото на успехот во браншата на обновливи енергии. 57-годишниот Накастри му припаѓал наводно на најтесниот круг луѓе околу највисокиот шеф на Коза Ностра, Матео Месина Денаро. Имотот на Накастри не е запленет само во местото на живеење, во Алкамо, во близина на Трапани во Сицилија, туку и во други делови на земјата, како Ломбардија или Калабрија. Запленети се 98 недвижности, седум автомобили и 66 банкарски сметки. Властите го ставија Накастри под надзор. Тој не смее да го напушти Алкамо три години.

Поврзана содржина