1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Голем број лица го напуштаат кампот во Либан

15 илјади лица, според проценките на ОН, го напуштија палестинскиот бегалски камп Нар ел Баред на северот од Либан поради борбите кои веќе неколку дена се водат таму меѓу либанската армија и исламистичките борци. Цел на бегалците е блискиот бегалски камп Бадави или пристанишниот град Триполи. Хуманитарните организации во неколку наврати предупредија на последиците за бегалците во Нахр ел Баред како недостатокот на храна и вода. Армијата на Либан сеуште го држи под опсада логорот каде што упоришта имаат борците на Фатах Ал Ислам. 80 лица досега загинаа во борбите.