1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Голем број заминаа, уште 57 000 странци чекаат на евакуација

Воените дејствија по правило предизвикуваат и хуманитарна катастрофа – ни Либан не е исклучок

Хуманитарна катастрофа од израелската офанзива

Хуманитарна катастрофа од израелската офанзива

Половина милион Либанци се во бекство, 15 илјади луѓе во некои места во јужниот дел на земјата се отсечени од светот и да нив нема никаков дотур на храна или лекови. „Добив навистина многу драматичен повик од либанскиот премиер. Ние сме подготвени да помогнеме за најитните потреби на луѓето. Во оваа прва фаза ќе ставиме на располагање 10 милиони евра итна помош“ – објави вчера претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо. По потреба брзо можат да уследат и натамошни средства.

Со полна пареа се одвива и евакуацијата на странците.

На аеродромот во Келн изутрината слета авион на Бундесверот со 200 германски бегалци од Либан. Секој момент се очекува слетување на уште еден, а во текот на денов и на трет авион. Вчера, со два лета од сирискиот главен град Дамаск и еден од турскиот град Адана, Бундесверот пренесе 500 луѓе.

Авиокомпанијата ЛТУ вчера направи две тури, денеска во Диселдорф ќе пренесе и трета група германски државјани од Либан. „Ако некој успеал да стигне до аеродромот во Дамаск, тогаш е навистина голема можноста да се врати дома во Германија, оти таму германското министерство за надворешни работи организира голем број летови за евакуација“ – вели Марко Дадомо, портпарол на компанијата.

Синоќа и во Франкфурт со авион на Луфтханза пристигна група од 265 Германци од Либан. Денеска ова компанија ќе пренесе бегалци од јорданскиот главен град Аман. Севкупно вчера во земјава беа пренесени повеќе од илјада луѓе. 350 Германци по копнен пат го напуштиле Либан, а 120 се качиле на ферибот изнајмен од британската влада.

Според проценките, во Либан уште околу 57 илјади странци чекаат на евакуација.