1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Голем број загинати во напад врз училиште во Нигерија

Во вооружен напад врз едно средно училиште со интернат во североисточниот дел на Нигерија загинаа најмалку 42 лица. Се верува дека напаѓачите се припадници на исламистичката група Боко Харам.

Првичните информации говореа дека во нападот извршен рано утрината (06.07) во интернатот на средното училиште во градот Мамудо загинале 29 лица , главно ученици. Последните информации од болнички извори меѓутоа говорат за далеку поголем број жртви.

„Примивме 42 тела на жртви, меѓу кои има и ученици и членови на персоналот на интернетот во градот Мамудо“, изјави Халиру Алију од болницата во Потискума за агенцијата Франс Прес. Дел од преживеаните во нападот тврдат дека дел од децата се живи запалени во нападот пред зори врз средното училиште.

Според западни медиуми, за нападот најверојатно е одговорна екстремистичката исламска група Боко Харам. Малам Абдулахи, кој загуби два сина во утринскиот напад, изјави дека останатите три сина кои го посетуваат блиското училиште ќе ги отпише од таа установа, бидејќи не се осигурани ни минимални безбедносни услови. Тој е револтиран поради лошата безбедносна ситуација која владее во регионот и покрај тоа што од мај наваму , кога во три нигериски сојузни држави беше прогласена вонредна состројба, беа распоредени стотици припадници на воените сили.

Десетици училишта беа опожарени и голем број деца убиени на североистокот на Нигерија во досегашните напади на исламистичките екстремисти. Бројот на жртви во насилството на Боко Харам во овој регион од 2010 година наваму изнесува најмалку 1600.