1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Голем број жртви при уривање на хеликоптер во Авганистан

Најмалку 38 американски и авганистански војници загинаа во инцидент во Авганистан. Талибанците преземаа одговорност, дека тие го урнале хеликоптерот на НАТО. Од НАТО нема потврда за овие тврдења.

default

Американски војници загинаа во Авганистан

Во текот на ноќта се урна хеликоптер на НАТО во Авганистан, при што загинаа 31 припадник на американската армија како и седуммина авганистански војници.

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи денеска соопшти дека хеликоптерот бил застрелан на истокот од земјата од страна на бунтовници.

Радикалните талибанци преку интернет ја преземаа одговорноста за уривањето на хеликоптерот на меѓународните заштитни трупи. НАТО засега не зазема став по ваквите тврдења. Северноатланската алијанса го потврди инцидентот и соопшти дека е во тек спасувачката акција.

Автор: АТ/ дпа/ дапд

Редактор: Борис Георгиевски