1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Голем број жртви во судирите во Централноафриканската Република

Во судирите во Централноафриканската Република, според наводите на Црвениот крст, загинале најмалку 300 лица. Во меѓувреме официјално започна француската воена интервенција во оваа кризна држава.

Црвен крст во Централноафриканската Република досега пребројал тела на 281 лице кои се убиени во тек на дводневното насилство во главниот град Бангуи, соопшти вчера (06.12) претседателот на организацијата. Свештеникот Антоан Мбао Бого изјави дека вработените во Црвен крст запреа со работа во текот на ноќта и дека се очекува бројот на загинати да расте, со голед на тоа што ќе се продолжи со работа за време на викендот.

„Утре ќе биде монструозен ден. Ќе продолжиме утре со работа, и мислам оти ќе треба да работиме и четврти ден“, изјави вчера Бого. Невладината организација „Лекари без граници“ пак соопшти дека во текот на двата дена насилство во Бангуи загинале 92 лица, а 155 се ранети.

По повеќемесечно крвопролевање во оваа африканска држава вчера (06.12) официјално започна воената интервенција на Франција. Советот за безбедност на ОН претходно го одобри ангажманот на француски војници во Централноафриканската Република. Стотици војници, поддржани од оклопни возила, со воени хеликоптери пристигнаа во регионот.

Француските војници веќе првиот ден од својот ангажман во Централноафриканската Република убиле неколку вооружени лица на аеродромот во Бангуи. Како што наведуваат француските медиуми, вооружените лица пукале од возила врз француските војници на аеродромот. Тие возвратиле со оган и убиле неколкумина од нив. Министерството за одбрана на Франција наведува дека сите војници, ангажирани во Централноафриканската Република, се безбедни. Деталите за бројот на загинатите напаѓачи не е соопштена.

Американската администрација го поздрави францускиот ангажман за смирување на ситуацијата во африканската земја. На француско-африканскиот самит во Париз, претседателот на Франција, Франсоа Оланд, побара од лидерите на африканските држави дојдени во францускиот главен град посилен ангажман на нивните земји за смирување на конфликтите во регионот.