1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Голем број жртви во поплавите во Аргентина

По невремето и поплавите што однесоа повеќе од 50 животи во Аргентина претседателката Кристина Кирхнер прогласи тридневна жалост. Папата Франциско во порака повика на солидарност со жртвите во неговата татковина.

Претседателката на Аргентина Кристина Кирхнер го посети силно погодениот град од невремето Ла Плата, каде загинаа најмалку 48 лица и прогласи тридневна жалост во земјата поради големиот број жртви од природаната катастрофа.

Гувенерот на провинцијата Даниел Сколи соопшти дека половина од грдот Ла Плата е под вода, делумно поплавите достигнале длабочина од два метри. Големи делови од градот биле отсечени од снабдувањето со струја. Во ноќта кон средата во рок од два часа наврнаа рекордни колични дожд во Ла Плата на 60 километри јужно од главниот град Буенос Аирес.

Во Буенос Аирес најмалку осум лица го загубија жвотот како последица од поплавите и штети од бурата. Во ноќта кон вторникот таму беа регистрирани рекодни количини врнежи, најголеми врнежи во месец април од почетокот на мерењето на временските состојби.

Папата Франциско повика на „христијанска солидарност“ со жртвите во неговата татковина. Цивилните и религиозните институции и „сите луѓе со добра волја“ би требало да помогнат, напиша поранешниот бискуп од Буенос Аирес во телеграмата до неговиот наследник Марио Поли.