1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Голем број жртви во етнички судир во Кина

Најмалку 140 луѓе загинаа во вчерашните немири во Урумчи, главниот град на автономниот регион Хинџијанг. Најголем дел од загинатите се припадници на малцинската муслиманска етничка група - Ујгури.

default

Од протестите во Урумчи

Во Кина тлеат два етнички конфликти. Оној во Тибет поради Далај Лама е познат во целиот свет. Оној пак во провинцијата Хинџијанг наспроти тоа малкумина го познаваат. Таму живее муслиманското малцинство Ујгури. Нивното длабоко незадоволство од политиката на Пекинг секогаш одново се одразува со крвави судири. Последниот е можеби еден од најкрвавите.

Полицијата во Урумчи соопшти дека покрај 140 загинати лица во нередите биле повредени уште околу 800 луѓе, а стотици се уапсени, меѓу кои десетина лидери на протестите на малцинската заедница Ујгури кои барале истрага за јунските судири меѓу припадниците на мнозинскиот народ Хан и Ујгурите во Шаогуан, при што се убиени двајца Ујгури.

Karte Uiguren Region China Xinjiang Unruhen Protest

Властите соопштија дека протестирале од 300 до 500 луѓе, додека според проценките на организаторите околу 3.000 лица вчера го блокирале сообраќајот, палеле возила и се судриле со полицијата која се обидувала да воспостави ред.

Хинџијанг има големи природни богатства

Во меѓувреме ситуацијата на улиците во на Урумчи е повторно мирна. Вчерашните судири се дефинитивно најкрвавите во последниве години.

Државната кинеска новинска агенција Ксинхуа за насилството ги обвини странските организации кои сакаат да ја отцепат провинцијата Хинџијанг, од Кина. Инаку станува збор за провинција со најголема територија и големо природно богатство.

Обвинувањата за тероризам од страна на кинеските власти ги отфрла потпретседателот на Светскиот конгрес на Ујгурите, Асгар Кан, кој живее во Минхен. „Хинџијанг покрај Тибет е регион со највисок степен на незадоволство кај едно етничко малцинство. Ујгурите се туркменски народ со исламска вероисповед. Контролите се остри кога станува збор за религијата“, вели Асгар Кан.

Ујгурите станале малцинство по масовните доселувања на Хан-Кинезите

Осум милиони Ујгури живеат во Кинџијанг, и официјално сочинуваат 40 проценти од населението во провинцијата.

China Xinjiang Uiguren Muslime

Припадници на етничката заедница Ујгури

Властите во Пекинг се обидуваат да го сузбијат нивното незадоволство се економски напредок. Меѓутоа многу Ујгури сметаат дека навистина добрите работни места и без тоа ќе ги добијат припадниците на мнозинскиот кинески народ Хан.

Провинцијата Хинџијанг се наоѓа на крајниот запад на Кина и се граничи со многу централно-азиски земји како Пакистан, Таџикистан, Авганистан и Русија. Кинеските власти со политика на масовни доселувања во последните 50 години за 25 пати го зголемила бројот на припадниците на Хан-Кинезите во провинцијата. Исто така во Хинџијанг забележливо е силмно присуство на кинеската армија.

Автор: СН/АТ/дв/дпа

Редактор: Александра Трајковска