1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Голем број жртви во бран бомбашки напади во Ирак

Повеќе десетици луѓе го загубија животот во бомбашките напади, кои денеска беа изведени во три ирачки градови. Нападите се случуваат во пресрет на голем шиитски празник.

Во бран бомбашки напади во Ирак денеска се убиени неколку десетици лица, а голем број се повредени. При атентат врз шиитски аџии во главниот град Багдад биле убиени најмалку 18 лица, по детонацијата на четири бомби, се вели од кругови на полицијата и болниците во градот. Во Хила на југот на земјата експлодирале две бомби во еден ресторан, кој вообичаено го посетувале полицајци. Во овој напад биле убиени 22 луѓе, а повредени околу 40 луѓе. Третиот напад бил извршен во градот Балад, каде загинале четири лица.

Schiitische Pilger gehen von Bagdad nach Karbala

Шиитски аџии во Ирак

Религиозни тензии

Серијата напади доаѓа во време на подготовките за големиот шиитски празник во Багдад во чест на Муса ал Касем, седмиот од дванаесетте имами од Дванаесетоимамската вера. Моштите на имамот се во мавзолеј на северот на Багдад. Годинава одбележувањето на неговата смрт треба да биде на 18 јуни.

Ескалацијата на насилството против шиитските верници во Ирак ја отсликува затегнатоста меѓу двете религиозни групи. Шиитите се најголемата религиозна заедница во земјата, по нив се сунитските муслимани.