1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Голем број жрртви во експлозијата во Лагос

Бројот на жртвите во експлозијата на дел од нафтовод во нигерискиот главен град Лагос варира, но со сигурност настрадале најмалку двесте лица.

Екссплозиите на нафтоводи се честа појава во Нигерија

Екссплозиите на нафтоводи се честа појава во Нигерија

„Досега извадивме двесте изгорени тела, но овде има повеќе жртви и бројот со сигурност ќе се зголеми “, изјави за германската агенцијата ДПА, Иге Оладимеји, претставник на нигерискиот Црвен Крст. Агенцијата Ројтерс пак јавува за над 500 жртви. Според локалните медиуми до несреќата дошло кога крадци на нафта го оштетиле системот, по што и дел од населението отишло да полни од нафтата. Пожарот кој настанал при тоа е причина за експлозијата.

Агенциите јавуваат дека пожарот кој беснее ја отежнува потрагата по уште настрадани, а проблематично е и тоа што инцидентот се случил во населено место од градот.

Во мај во Лагос во сличен инцидент загинаа 150 лица. Нигерија е најголем производител на нафта во Африка, но корупцијата, лошиот менаџмент и ограничените капацитети на рафинериите често доведуваат до недостиг на гориво. Во изминативе неколку дена во Лагос имало километарски колони пред бензинските пумпи.

Поврзана содржина