1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Голем борец

Минатата ноќ на 77 годишна возраст почина познатата италијанска новинарка и писателка Оријана Фалачи. Таа долго време боледуваше од рак а почина во една болница во Фиренца. Грегор Хопе фрла поглед на нејзиниот живот.

default

Со години наназад , таа живееше во Њујорк , каде што се бореше со ракот , но не издржа. Почина меѓутоа во Фиренца , значи близу до малото место во италијанската покраина Тоскана , Коли ди Вал делса . Ова место , Фалачи сакаше до крај и речиси со слепа упорност да го одбрани од планираната изградба на џамија.

Пејсажот , кој и уметник како Ѓото го овековечил , велеше Фалачи , не смее да биде нагрден со исламско светилиште.

Изјавите како оваа , во последниве години ја направија Фалачи многу осамена .

Но и покрај критиките поради ваквиот став на Фалачи , секогаш се чуствуваше огромниот респект кон жената која го владееше жанрот интервју како никој друг порано во италијанското новинарство. Таа го прашуваше етиопскиот крал Хајле Селасие , како и либискиот диктатор Гадафи . А сите што ги интервјуираше Фалачи , се грижеа грижливо да се подготват за тоа.

Да, Оријана Фалачи беше новинарска ѕвезда и тоа и се допаѓаше а зошто да не. Нејзините интервјуа со Селасие , Гадафи, Хомеини , Кисинџер , Голда Меир Арафат и Денг Ксиао Пинг бе посебни . не само поради успехот да се стигне до разговор со овие влијателни и контроверзни политичари , туку пред се поради новиот , многу егоцентричен но сепак безгранично свеж начин на кој ги водеше.

Покрај тоа Фалачи беше репортер од Виетнам и Либанон , односно секаде каде што беше непријатно , не само за нејзе туку и за нејзините интервју- партнери.

Но Фалачи која е родена во 1930 година во Фиренца како ќерка на антифашист , кој бил измачуван од режимот на Мусолини, покажа голема храброст и како писателка. Пред се со книгата „Писмо до никогаш нероденото дете“ , во која не го осудува абортусот . Во седумдесетите години таа беше меѓу првите жени која проговори за големиот проблем на жените , што тогашниот машки свет во целост го игнорираше.

Со последните книги во кои пишуваше хистерично и неразумно ,и со изјавите дека би фрлила бомба врз џамијата што ќе се гради на пејсажот кој го овековечил Ѓото , таа го нагрди својот имиџ .

Меѓутоа борецот , Оријана Фалачи заслужи , човек до денеска да и симнува капа.