1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Големото олимписко семејство

Очите на светската јавност се вперени кон спортските борилишта на Зимските олимписки игри во Ванкувер. Покрај фаворитите за освојување медали, има и многумина за кои е најважно да учествуваат.

default

Олимпискиот оган

Во втората група годинава се и двајца скијачи, едниот од Иран и другиот од Нов Зеланд. Биџан Кангарлу од Иран уште не знае ни дали ќе смее да се појави на стартот. „Па, не сум сосема сигурен, уште нема име за тимот, но се надевам...“ - вели Биџан Кангарлу, кој зборува совршено англиски. Не е ни чудо, бидејќи тој одраснал во Калгари, а таму службен јазик не е персискиот. „Да, јас сум од овде, од Канада, но татко ми е Иранец и затоа имам и иранско државјанство.“

Тој за прв пат бил во Иран пред неколку дена за да учествува во квалификациите за Олимписките игри. Она што го видел во Иран го фасцинирало: „Бев фасциниран, луѓето се толку пријателски настроени и има толку многу жени кои се занимаваат со скијачко трчање. Тоа ме изненади. А најтешко беше големата височина на која се одвиваа квалификациите, цели 2.700 метри. Тоа ми беше навистина проблем.“

Тренинг во слободно време

Olympia / Vancouver / Medaillen

Медалите што ги очекуваат најдобрите во Ванкувер

Биџан Кангарлу инаку тренира во Карпестите планини и тоа само кога ќе најде време. „Во Канмор тренирам, а летно време повеќе во Калгари. Но, јас работам со полно работно време за една нафтена компанија и тоа ми прави потешкотии што се однесува до времето...“

Неговата дисциплина, скијачкото трчање, ќе се одржува во канадскиот планински масив Вистлер, а очите на Биџан Кангарлу светат кога зборува за тоа: „Тоа ќе биде огромна шанса за мене, сите доаѓаат во олимпиското село. Сакам да уживам целосно во тоа, како во дружењето во олимпиското село, така и во натпреварите.“

Дружење со „големите“

Таквата негова мотивација ја дели и Ендрју Пол од Нов Зеланд, кој не може да дочека да ги сретне лично големите идоли од скијачките писти: „Тоа е едноставно неверојатно, што ќе се најдам на стартот со моите идоли, кои инаку можам да ги гледам само на телевизија.“

Olympische Winterspiele 2010 Vancouver Flash-Galerie

За Ендрју Пол ова е вториот спортски хајлајт зимава. Наместо да лета директно од Нов Зеланд за Канада, тој прво допатува во Шварцвалд за таму да учествува со светското првенство за јуниори. Таму учествувал како поединечен натпреварувач, додека на Олимписките игри ќе има уште двајца сограѓани. Сите тројца му се чудат на незнаењето на жителите на северната полутопка за условите за скијање на Нов Зеланд: „Тоа е фантастична можност за трениг в лето. Американците, Канаѓаните и Јапонците секогаш на лето доаѓаат во Нов Зеланд за да тренираат. Кај нас има совршени услови за тренинг токму кога во Европа владее лето.“

Најважно е да се учествува

Во секој случај и Ендрју Пол, како и Иранецот Биџан Кангарлу, се среќни што имаат чест да му припаѓаат на големо олимписко семејство. „Во 2005 година бев на светското првенство за јуниори. Таму беше и Питер Хортхуг и победи. Подоцна го сретнав и му реков здраво. Тоа беше прекрасно,“ се сеќава Иранецот Кангарлу, кој се надева дека и годинава ќе има можност да се дружи со најдобрите во светот.

Автор: Торстен фом Веге/Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска