1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Големи штети од Ешерихија коли

Според проценките на Групацијата за оранжериско производство на Стопанската комора на Македонија, поради појавата на Ешерихија коли во европските земји, македонските оранжериски производители претрпеа штета од 4 милиони.

default

Информацијата за појавата на ешерихија коли во европските земји кон крајот на мај во екот на сезоната на оранжериско производство, финансиски силно ги погоди македонските оранжериски производители, иако нивните краставици беа безбедни за јадење. Извозот на краставиците, за кои првично се сметаше дека се носители на бактеријата ешерихија коли, се намали за повеќе од осумдесет проценти, а домашниот пазар се преоптовари со многу понуда. Тоа, пак, придонесе да бидеме принудени да продаваме по многу пониски цени или воопшто да не береме и не носиме на пазар бидејќи немаше побарувачка, појаснува за Дојче Веле, Тодор Черепналковски, претседател на Групацијата за оранжериско производство при Стопанската комора на Македонија. Черепналковски оценува дека состојбата е крајно алармантна. „Кога требаше да профитираме, за да ги платиме нашите обврски за греење, обврски спрема банки, обврски спрема доверители, ние не можеме да заработиме пари од продажба на нашите производи“, се жали Черепналковски.

Gemüse Ehec NO FLASH

Во меѓувреме опасноста од Ешерихија коли се намалува

Краставиците наместо на трпеза, завршија на депониите

Информацијата дека има три-четири илјади заболени и над четириесет починати во Европа по конзумирањето зеленечук заразен со Ешерихија коли, многу држави презедоа мерки за заштита. Тоа предизвика страв кај потрошувачите и доведе до стопирање на извозот од Македонија. „Многу големи количини од оранжериско производство, набрани производи, краставици и во одреден број домати, бевме принудени да ги фрламе на депонија“, вели Черепналковски, претседател на Групацијата за оранжериско производство при Стопанската комора на Македонија.

Ешерихија коли за нас е непозната, бидејќи ја немаме како болест кај нашите краставици и нашето производство е исправно, што го докажува овластената лабараторија „Агро Лап“ од Солун, вели за Дојче веле Атанас Костов, управител на „Еко оранжерии Анска Река“ од Валандово. Со 30 хектари, тоа е најголема оранжерија на едно место во Македонија и втора по големина на Балканот. Сето тоа им се случи во екот на бербата и затоа сега се на дилема, дали да продолжат со оранжериско производство.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Трајче Тосев