1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Големи трошоци - мали приходи

Буџет што ја носи државата во неизвесна иднина, како што кртитикува опозицијата, или најразвоен буџет на земјата досега, како што тврди власта? Во собраниска процедура влезе владиниот предлог-буџет за 2010 година.

default

Ако според составот на буџетот за 2010 година можат да се предвидат клучните политички настани во наредниот период тогаш в година Македонија ја очекуваат нови избори. Ова е констатација на опозицијата на првото читање на владиниот предлог буџет за идната година на стартот на собраниската расправа. Денеска (24.11.09) е на дневен ред на седницата на матичната комисија за финансирање и буџет.

Mazedonien Das Parlament in Skopje

Државната каса в година ќе тежи вкупно 2, 5 милијарди евра. Во предлог буџетот е предвидено дека економијата ќе порасне за 2 процента исто колку што ќе изнесува инфлацијата. Буџетскиот дефицит е планиран на 2,5 отсто од бруто домашниот производ.

За опозицијата е спорно тоа што државата ќе потроши повеќе пари отколку што ќе собере, но уште позагрижена е како ќе се трошат парите. „Она што е поважно е кога веќе креирате дефицит, трошите повеќе пари одошто прибирате пари, за што ги трошите парите. Значи едно е инвестиција да направите споменик, друго е капитална инвестиција да направите два километри автопат“, вели потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски.

Власта уверува дека буџетот за наредната година е најразвоен од сите буџети на Македонија досега. „Кај платите буџетот предвидува намалување од 2,8 проценти во однос на 2009 или за 649 милиони денари. Кај стоките и услугите коишто се обично квалификувани како најнепродуктивен дел од трошоците, имаме сериозно намалување од 9,8 проценти или за милијарда и 876 милиони денари во однос на 2009“, објаснува министерот за финансии Зоран Ставрески.

Наспрема владатa опозицијата критикува дека буџетот е неразвоен

Mazedonien Das Parlament in Skopje

Наместо за суштински проекти парите на граѓаните ќе се трошат непродуктивно е главниот аргумент во опозициските критики, според кои буџетот е неразвоен и нереформски. Ристо Пенов од ЛДП вели: „Нема нови вработувања, барем не во тој обем, нема зголемување на платите, а се зголемуваат даночните приходи од персоналец за 7 проценти. Тоа значи дека дополнително ќе се заграби од стопанството“. „Нема развојна компонента, се’ истите проекти се планираат а има нереални очекувања и висок дефицит“, смета Марјанчо Николов од СДСМ.

Со новиот буџет платите за администрацијата остануваат замрзнати исто како и вработувањата. И натаму доминантна ставка со 800 милиони евра или една третина од вкупните трошења се социјалните трансфери. Во буџетот се предвидени пари за изградба на театри, музеи, спортски сали - со објаснување дека на тој начин се стимулира градежништвото еден од клучните двигатели на економијата. За најважните инфраструктурни проекти, патните коридори и железничките пруги, проекти што годинава останаа нечепнати поради кризата, во 2010 се предвидени 86 милиони евра. Нови вработувања во државната администрација не се предвидени освен за 1.000 административци кои треба да се враоботат по основ на Рамковниот договор.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска