1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Големи протести во Шпанија

Стотици илјади луѓе во Шпанија протестираа против реформата на пазарот на работна сила. Два големи синдикати повикаа на протести кои се одржаа во 57 градови во целата земја.

Според податоци на синдикатите, на демонстрациите учествувале околу половина милион луѓе. Дел од мерките што ги донесе владата и против кои се насочени протестите се намалувањето на обештетувањето во случај на отказ, олабавување на правилата за заштита на работно место и олеснување на процедурата за кратење на платите. Реформата на пазарот на работна сила важи за клуч на напорите на Шпанија да ги убеди финансиските пазари во своите стремежи за реформи. Противниците на владата велат дека мерките донесени од страна на владата се „неправедни, неефикасни и непотребни“. Премиерот Мариано Рахој изјави дека реформите мора да се спроведат за да се запре затворањето работни места. Стапката на невработеност во земјата изнесува 23 проценти, а кај младите на возраст меѓу 16 и 24 години секој втор е без работа.

Автор: ЕМФ/афп/дв

Редактор: Ж. Ацеска