1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Големи надежи – малку надлежности

Со итен апел за одбрана на човековите права, генералниот секретар на Обедиентите нации Кофи Анан денеска во Женева ја отвори првата сесија на новиот Совет за човекови права.

Анан упати силен апел за почитување на човековите права

Анан упати силен апел за почитување на човековите права

„Малиот респект на човековите права и на човековото достинство е главната причина за загрозеноста на мирот во светот и за тоа што богатството е толку нееднакво поделено„, изјави Анан. Во новото тело што ја смени толку критикуваната Комисија за човекови права, членуват 47 држави, меѓу нив и Германија:

„Денеска е историски ден. Тој се наоѓа на крајот од патувањето што го започнавме пред неколку месеци. Имам голема чест и огромна привилегија да ја отворам првата средба на Советот за човекови права„, рече ретседателот на Генералното собрание на Обедиентите нации Јан Елијасон. Генераланиот секретар Кофи Анан беше човекот што ја предлжи реформата. Тој пред големиот број делегати денеска во Женева изјави:

„Нема да претерам ако кажам дека очите на светот се насочени кон овој совет, пред се очите на оние што не им ги почитуваат човековите права, на загрозените или скршените. Земјите-членки на Обединетите нации и цивилните организации од целиот свет презедоа големи напори за да се најдеме овде. Верувам дека членовите на овој совет се свесни за надежите насочени кон нив, решени да не ги разочараат„.

Меѓутоа, славеничката атмосефра веднаш беше обесхрабрена, зашто Советот ја доби само надворешната форма и задачата редовно да ги проверува сите земји-членки како ги почитуваат човековите права. Но, како ќе изгледа конкретната работа и со кои механизми ќе располага, останува отворено. На пример, дали независни експерти смеат да ја испитуваат ситуацијата во одделни земји, дали специјалниот известувач на Обединетите нации може да ја продолжи својата работа, како ќе бидат вклучувани цивилните организации и многу други прашања. Врз основа на тоа како ќе биде одговорено, ќе се роди силен или слаб совет. Анан вели:

„Она што мора да се види е нова култура. Место култура на конфронтации и недоверба што беше каракетеристика на досегашната комисија, сега мора да се воспостави култура на соработка и обврски„.

Инаку, меѓу 47-те членки повторно има такви што не ги почитуваат човековите права и веќе ја спречуваа работата на поранешната комисија како Кина, Русија, Куба или Пакистан. Земјите од западниот свет се во малцинство и ќе мораат многу повеќе да се ангажираат за соработка отколку досега.