1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Големи демонстрации во Италија

Неколку стотици илјади Италијанци денеска во Рим демонстрираат против планираната пензиска реформа на премиерот Силвио Берлускони. Трите најголеми синдикати во земјата кои повикаа на протести говорат за еден милион учесници на протестите. Акцијата под мотото "Бранија ја својата иднина" е насочена против политиката на штедење на централно- десничарската влада. "30 месеци по доаѓањето на власт на Силвио Берлускони, Италија стана посиромашна, поподелена и понесигурна земја", вели еден од синдикалните лидери. На протестниот марш учество земаа и голем број политичари од левицата. Во Рим инаку со автобуси и возови, пристигнаа демонстранти од целата земја. Протестната поворка мораше да биде претворена во марш, поради премалиот простор во центарот на Рим. Пензиската реформа е една од најспорните теми во италијанската политика. Берлускони опстојува на ставот дека доколку пензискиот систем не се реформира, тој ќе се распадне. Новите правила предвидуваат Италијанците во иднина да одат во пензија со 40, а не со 35 години работен стаж. Реформите треба да добијат одобрение и од парламентот, што во Италија не е особен проблем, со оглед на мнозинството што го има владата. Силвио Берлускони имаше намера да го реформира пензискиот систем уште во 1994 година, за време на неговиот прв мандат, но поради огромните протести се откажа од намерата.