1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Големите банки мора да бидат спасени

Министрите за финансии на ЕУ на денешната средба во Луксембург (07.10.2008) бараат заеднички мерки за спас на банките, кои се погодени од глобалната финансиска криза.

default

Како да се најде излез од финансиската криза

ЕУ сака да ја врати довербата на штедачите и покрај големата финансиска криза, за тоа денеска дискутираат министрите за финансии во Луксембург. Синоќа претставниците на петнаесетте земји, кои се дел од евро зоната, дадоа свои предлози. Претседателот на оваа група држави, Жан Клод Јункер, изјави дека мора да бидат преземени сите потребни мерки за да се гарантира стабилноста на финансискиот систем. Премиерот на Луксембург пет часа разговараше со колегите од евро - зоната за мерките, кои може да се преземат за справување со глобалната финансиска криза.

Сигнал - заштедите се сигурни

По вчерашната паника во финансискиот сектор, по огромните падови на берзите низ светот и зголемената загриженост за стабилноста на банките по неколкуте државни интервенции за спас на некои финансиски институти, европските земји испраќаат сигнал - целта им е да ги заштитат штедачите. На состанокот е договорено дека мора да се спречи банкрот на поголемите банки во Европа.

Јункер ја пренесе едногласноста на сите земји да се избегне финансиските институти, релевантни за економскиот систем, да дојдат во ситуација на банкрот. Исто така и шефот на Европската централна банка, Жан Клод Трише, изјави дека банката ќе пумпа пари во финансискиот систем се‘ додека е тоа потребно.

Frankreich EU Ecofin Rat Treffen in Nizza Jean Claude Trichet und Jean Claude Junker

Жан Клод Јункер и Жан Клод Трише

Откако повеќе земји од ЕУ, меѓу кои и Германија, најавија државни гаранции за приватните штедни влогови, заклучено е дека заштедите на граѓаните треба да бидат подобро заштитени од досега. Еврокомесарот за економија, Жоакин Алмунија, најави можност од покачување на границата од сегашните минимум 20 000 евра, кои се загарантирано заштитени ако некоја банка пропадне. Европската комисија подготвува нов предлог за тоа. Според неименувани дипломати, границата може да биде покачена на 100 000 евра.

Европски фонд, да или не?

За сега во ЕУ нема согласност околу формирање заеднички европски фонд за помош на банките за излез од кризата. Италија останува на овој предлог, додека Германија и Велика Британија се против.

Европски спасувачки пакет не е од помош. Секоја земја мора флексибилно да ги решава работите, смета државниот секретар во германското министерство за финансии Јорг Асмусен, кој го заменува германскиот ресорен министер Пеер Штајнбрик на средбата во Луксембург.

Инаку, министрите од ЕУ на денешната средба ќе дебатираат и за зголемена контрола над осигурителните компании, за платите на менаџерите и за теми од даночната политика.

DW.COM