1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Голема победа на Роман Полански

Во Талин, Естонија, беа доделени Европските филмски награди. Најновиот филм на прочуениот и контроверзен режисер Роман Полански,политичкиот трилер „ Писател од сенка “ освои шест признанија, меѓу кои и за најдобар филм.

default

Мнозинството од 2.300 членови на Европската филмска академија го сметаа политичкиот трилер на Роман Полански за најдобро европско филмско остварување годинава. Вчерашната церемонија во главниот град на Естонија, кој ќе биде европска престолнина на културата наредната година, помина во знакот на Полански и неговиот филм кој освои уште пет други признанија.

Полански се обрати преку веб-камера

Bruno Ganz

Наградата за животно дело во рацете на Бруно Ганц

„Тоа е премногу“, изјави видно возбудениот 77-годишен полски режисер, кој на присутните им се заблагодари преку видео порака:

„Благодарам, им се заблагодарувам на сите членови на Европската филмска академија и ви посакувам се` најдобро“, рече режисерот.

Полански речиси никогаш не се појавува лично на вакви манифестации, со оглед дека му се заканува судење во САД поради тужбата дека силувал малолетничка пред неколку децении.

Награда за животно дело за Бруно Ганц

На 23-то доделување на Европските филмски награди, Полански го освои и признанието за најдобар режисер, а Јуан Мекгрегор, кој ја толкуваше главната улога во „Писател во сенка“ за најдобар глумец. За филмот, кој е сниман во Германија, на Полански му беа доделени и признанијата за најдобро сценарио, најдобра музика и за најдобра сценографија, која отиде во рацете на Германец - Албрехт Конрад за „Писател во сенка“.

Покрај ова признание, Европската филмска академија му ја додели наградата за животно дело на познатиот швајцарски глумец Бруно Ганц, кој се прослави со улогите во филмовите „Небото над Берлин“, и „Леб и лалиња“ .

Автор: СН/ТТ/дпа/дв/макфакс

Редактор: Трајче Тосев