1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Голема победа на македонските ракометарки

Македонија со триумфот над Србија, се пласираше во вториот круг од Европското ракометно првенство. Тренерот Глигоров се надева на успех и во понатамошниот дел од првенството. Денеска завршува првата фаза од натпреварите.

default

Од натпреварот меѓу Хрватска и Македонија

Во драматичен натпревар, македонската репрезентација успеа да ја победи Србија и да си овозможи виза за вториот дел од натпреварите во Европското првенство во ракомет кое се одржува во Македонија. Пред околу 6000 гледачи и одлична атмосфера, македонските репрезентативки ги победија Србинките со 31:30. Меѓу најзаслужните за ваквиот резултат беа македонската голманка, Андрејева која одбрани 18 напади на голот, како и Тодоровска со осум и Бујанова со шест постигнати гола. Во српскиот тим најзабележителна беше Андреа Лекиќ со шест голови, а по четири постигнаа Јелена Поповиќ, Светлана Огњеновиќ и Сања Рајовиќ.

Глигоров се надева на успех

Тренерот на македонската репрезентација Глигоров се надева на понатамошен успех. „Можеби натпреварот не беше на ниво на претходниот против Хрватска, но импонираше желбата за победа. Влеговме во една завршница во која успеавме да извојуваме победа. Им благодарам на девојките пред се на мотивацијата и желбата да истраат во ова натпреварување, и се надевам дека во вториот круг ќе имаме можност за уште едно радување“, рече Глигоров по натпреварот. Македонија со четирите освоени бода во групата „Д“сега има реални шанси против Русија, Шведска и Белорусија да го нападне и петтото место на ЕП.

Претходно во првиот натпревар од „Д“ групата Германија ја победи Хрватска со 32:27. И двете репрезентации одат понатаму. Денеска се затвора првата фаза од првенството, со натпреварите во групите „А“ и „Б“. Двојките во Скопје се Франција-Унгарија и Данска-Романија, а во Охрид ќе игтаат Шпанија-Украина и Норвешка-Португалија.


Аудио и видео прилози на оваа тема