1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Голема победа на Македонија против Хрватска

Македонските кошаркари ја забележаа првата победа на Евробаскетот, совладувајќи ја фаворизираната Хрватска во тесен финиш. Најзаслужен за триумфот беше натурализираниот Македонец, Бо МекКејлеб

default

Селекторот Марин Докузовски го одведе тимот до првата победа на ЕП

Македонската кошаркарска репрезентација во драматичен финиш вчеравечер извојува победа против Хрватска со 78:76, во рамки на вториот меч од натпреварите по групи на Европското првенство во Литванија.
Во првата четвртина Македонија водеше со 21:18, додека Хрватска врати во втората четвртина со 23:16. Во третата четвртина Македонија повторно беше подобра и поведе со 23:21, додека во четвртата четвртина Македонија постигна 18 поени, а Хрватска 14.
Во последните секунди од мечот македонските кошаркари имаа предност од два поена, кои Хрватите не успеаја да ги анулираат, иако имаа можност со тројка да дојдат до победата. Ова е прва победа на Македонија на ЕП во Литванија. Селекторот Марин Докузовски на прес-конфернцијата веднаш по мечот нагласи дека заслужни за историската победа на Македонија против силната Хрватска се сите играчи, колективниот дух и големата борбеност и пожртвуваност на македонските кошаркари.
Лестер Бо Мекејлеб беше најефикасен во победничката селекција со 19 поени, Владо Илиевски постигна 18, Перо Антиќ 15, Тодор Гечевски 10 поени. Донтеј Драпер со 13 поени беше најефикасен хрватски играч.


На другите средби од 2.коло во групата „Ц“ постигнати се овие резултати: Босна и Херцеговина - Црна Гора 94:86, Финска - Грција 61:81.
Табела: Грција 4 бодови, Хрватска 3, БиХ 3, Црна Гора 3, Македонија 3, Финска 2.
По денешната пауза , македонските кошаркари во сабота во 18 часот против Грција ќе го играат третиот натпревар на Евробаскетот. 

Автор: СН/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски