1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Голема побарувачка по кредити во Македонија

Побарувачката за кредити во Македонија се зголемува, а населението се повеќе се задолжува. Експертите предупредуваат дека постои опасност граѓаните да се задолжат повеќе отколку што може да отплатат.

default

Филијала на ПроКредит банката

Населението во Македонија станува се позадолжено . Според последните податоци опд Централната банка секој граѓанин во просек должи по 270 евра.

Нивото на пласирани кредити кај населението расте со забрзано темпо. Експерите тоа го објаснуваат со тезата дека се помалку фирми во Македонија се финансиски моќни да сервисираат големи кредити. Во потрага по клиенти банките се вртат кон граѓаните.