1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Голема парада во Берлин по повод 50-годишниот јубилеј на Бундесверот

Денеска во Берлин се одржува една од најголемите во низата свечености по повод 50-годишниот јубилеј на Бундесверот.

Две германски фрегати во пристаништето на Џибути

Две германски фрегати во пристаништето на Џибути

На парадата во центарот на главниот град ќе присуствува и генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, како и канцеларот на заминување Герхард Шредер. Во наредниот прилог потсетуваме на поважните фази во развојот на модерната германска армија.

Бундесверот беше создаден само 10 години по завршувањето на Втората светска војна. Важен фактор при тоа беше интензивирањето на студената војна и геостратешката положба на Германија точно на границата што ги делеше двата спротиставени воено-политички блока. Тогашниот германски канцелар Конрад Аденауер исто така формирањето на новите оружени сили на земјата го гледаше како можност за натамошна инетграцијата на СРГ во Западниот сојуз.

„Војници на новите оружени сили! Ми причинува радост што можам да ви се обратам на овој ден. Германскиот народ во вас гледа отелотворување на неговата желба да придонесе за одбраната на слободните народи, на кои и ние денес им припаѓаме со сите права и обврски.„

За да се одбегне повторување на историјата и евентуално осамостојување на армијата, во уставот беше втемелен принципот на тесна поврзаност на Бундесверот со Парламентот, како и интеграцијата во НАТО сојузот. Наспроти тоа опозиционата социјалдемократска партија на Германија и големи делови од населението беа против повторно вооружување. Скепсата беше дотолку поголема што новата армија не можеше потполно да се откаже од искусните офицери на Вермахтот.

Политичкото и военото раководство на новата армија создаде и нов концепт на „граѓанин во униформа„ , според кој војниците мораат да ја почитуваат својата совест. Вежбањето пруска дисциплина и беспоговорна послушност беа исклучени. Но, примената на теоријата во пракса не одеше лесно. Две години по основањето, во 1957-та 15 регрути го загубија животот поради наредбата на еден старешина да ја минат реката Илер без доволно обезбедување. Ова е само една од подраматичните ситуации. За прифаќањето на новиот концепт на т.н. „внатрешно водство„ беа потребни години.

Голем проблем беше и арсеналот на оружје на новата армија. Владата на Конрад Аденауер потпиша договор според кој Германија се откажува од создавање сопствено нуклеарно оружје. Од друга страна, земјите на Источниот блок со кои Германија граничеше почнаа да трупаат атомско оружје. Компромисното решение за Германија гласеше: Бундесверот да се снабди со ракетни носечки системи, а соодветните атомски боеви глави да бидат под контрола на американските воени сили стационирани на германска почва. Тогашниот министер за одбрана Франц Јозеф Штраус појасни:

„Не сакаме вооружување на Бундесверот со тактично нуекларно оружје. Не сакаме ништо повеќе, ни ништо помалку од она што севкупното планирање на НАТО од Канада до Турција го предвидува и што е подносливо за поединците и добро за колективната безбедност.„

Големи делови од населението, па и од офицерскиот кадар беа против нуекларното оружје во армијата. Под мотото „борба против атомската смрт„ на улица излегоа повеќе од 1 милион Германци. Сепак Парламентот по долга дебата го прифати вооружувањето со ракети за атомско оружје, а германските воени пилоти мораа да тренираат фрлање нуекларни бомби врз сопствената земја.

Следна тешка проба беше ангажирањето на војниците на Бундесверот во странски воени и мировни мисии, како онаа на Косово и подоцна во Авганистан. Во одредени периоди Бундесверот имаше и до 10.000 војници страционирани во странство. Министерот за одбрана Петер Штрук тоа го коментира на следниот начин:

„Во историјата ќе останам запаметен со реченицата дека Германија се брани и на Хиндукуш, како и со втората дека поле на ангажман на Бундесверот е целиот свет!„