1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Голема офанзива на американските сили во Ирак

Американските сили во Ирак почнаа широка воена офанзива со поддршка на ирачката армија во северниот дел на земјата.

Американски и ирачки војници во Ирак

Американски и ирачки војници во Ирак

Ова е најголема офанзива од официјалниот крај на војната пред три години. Фокусот на акцијата е т.н. сунитски триаголник, каде се претпоставува дека се наоѓаат бази и складишта на оружје на групите околу терористот Абу Мусаб ел Заркави.

Повеќе од 50 борбени авиони, 200 тенкови и други борбени возила, како и најмалку 1.500 војници учествуваат во голема офанзива во околината на градот Самара. Таму пред три недели беше извршен бомбашки напад врз „златната џамија„ едно од најголемите шиитски светилишта. Потоа дојде до тешки нереди и борби меѓу шиитите и сунитите во регионот. Дали има директна поврзаност на нападот врз џамијата и сегашната голема офанзива на американската армија, за сега не јасно. Портпарол на американската армија соопшти само дека операцијата е насочена против леглата на отпот и тероризам во ова подрачје. Од почетокот на операцијата до сега се уапсени 40 лица, а откриени се неколку складишта на оружје.

Американскиот амбасадор во Ирак, Залмај Калилзад, неодамна предупреди дека состојбата се влошува и дека земјата би можела да потоне во потполн хаос и безредие.

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер, на прашање на ДВ, вчера вечер во Берлин пак оцени:

„Можам само да ви кажам дека безбедносната ситуација во Ирак и од наша гледна точка покажува загрижувачки развој. Се надевам дека ескалацијата што може да се набљудува во моментов наскоро ќе се смири и дека ќе продолжи процесот на создавање на тамошната влада.„