1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Голема миса на отворено во Краков

На последниот ден од посетата на Полска, Папата Бендикт 16-ти претпладнево одржа голема миса под отворено небо.

Папата Бенедикт 16-ти упатува благослов до насобраните граѓани на Полска

Папата Бенедикт 16-ти упатува благослов до насобраните граѓани на Полска

Околу 800.000 лица му приредија величествен дочек на Папата во Блоние-паркот во Краков. На мисата присуствуваа и полскиот претседател Лех Качински, премиерот Кажимјерж Марцинкиевич, како и поранешниот претседател на државата и носител на Нобеловата награда за мир, Лех Валенса. Краков е градот во кој претходникот на Бенедикт, Јован Павле Втори служеше долги години пред да застане на чело на Католичката црква. И на неговите подоцнежни миси под отворено небо откако стана Папа се собираа по околу еден милион луѓе.

Папата се сретна со младите верници во Краков уште вчера. Вчера вечер пред околу 600.000 млади верници Бенедикт 16-ти побара од Полјаците да и останат верни на католичката црква и на верата. Тие му одговорија со развиорени знамиња и повици на одобрување и благодарност.

Голем број од младите носеа маички со натписи ЈП 2 и Б 16, што се кратенки за имињата на претходниот Папа кој беше по потекло Полјак и за сегашниот Папа. Една млада жена од Карпатите вели:

„Кога Светиот отец е во нашата таковина тогаш за мене е само по себе разбирливо да дојдам да го видам, за тоа нема што да размислувам дали да дојдам или не. Тој е сега тука и ние мора да го поздравиме најдобро што можеме и да се радуваме што минува време со нас. За мене е тоа многу посебно доживување.„

Папата ја освои душата на Полјаците меѓу другото и со тоа што целиот вчерашен ден, трет во целата посета, му го посвети на чествувањето на славниот претходник. Тој го посети родното место на Јован Павле Втори Вадовице, како и две локални места на ходочастите. Пред насобраните верници во таа прилика Бенедикт 16-ти изјави.

„И јас се надевам дека Провидението наскоро ќе ни подари прогласување на Папата Јован Павле Втори се блажен и подоцна за светец.„

Поладнево во 17 часот Папата Бенедикт пристига на најчувствителниот и веројатно најтешкиот дел од четиридневната посета на Полска. Тој имено ќе го посети концентрациониот логор Аушвиц и таму ќе разговара со преживеани од холокаустот. Овој дел се очекува со големо внимание, со оглед на германското потекло на актуелниот Папа.