1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Голема кражба на уметнички дела во Ротердам

Уметнички дела на Пикасо, Гоген, Моне и Матис во текот на ноќта се украдени од музеј во Ротердам. Вредноста на украдените дела е „голема“. Полицијата започна со истрага.

Непознати крадци од музеј во Ротердам украдоа повеќе вредни уметнички дела. Кражбата во музејот „Кунстахл“, во која во моментов се изложени познати уметници од 19. и 20. век била спроведена во текот на ноќта, изјави портпарол на полицијата за агенцијата афп. Полицијата во меѓувреме соопшти дека се украдени дела на Пикасо, Матис, Моне и Гоген. Вкупно се украдени седум дела. Нивната вредност точно не се знае, меѓутоа била „голема“. Портпаролката на полицијата Патрициа Веслес соопшти дека е во тек истрагата.

Еден фотограф од холандската агенција анп направи и снимка од местото каде се наоѓало делото на Матис, - денеска тоа не висеше во музејот.

Музејот „Кунстхал“ во Ротердам нема постојана збирка. Годишно музејот нуди околу 25 различни изложби . Во моментов по повод своето 20 годишно постоење ја претставува изложбата „Авангарда“, која сочинува дела на Пикасо, Гоген, Матис, Мондриан итн.