1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Голема коалиција во Италија по изборот на претседател?

По изборниот трилер во кој пред се’ Демократската партија придонесе со патетика, се зголемуваат надежите за создавање голема коалиција во Италија. Во Рим не протестираа само симпатизерите на движењето „Пет ѕвезди“.

„Tutti a casa“ – „Одете си сите дома“ извикуваа демонстрантите пред парламентот во Рим со стиснати тупаници. Излезени беа многу млади лица и цели фамилии. Тоа се разјарени симпатизери, гласачи и членови на движењето „Пет ѕвезди“ на поранешниот комичар Бепе Грило. Но, не само тие. Исто така и разочараните поддржувачи на Демократската партија (Partito Democratico) го изразија својот гнев пред парламентарната зграда. „Предавник“ – вака тие го нарекоа Пјер Луиџи Берсани, кој се повлече од функцијата партиски секретар. Тој ги предаде желбите на неговите гласачи, објаснува Пино Красто, кој на следните избори сака да гласа за Бепе Грило.

Грило и Берлускони се засилуваат

Italien Wahlen Beppe Grillo

Бепе Грило

Невообичаениот политичар Грило е зад Берлускони и излезе како победник во изборниот трилер за претседател на државата. Неговото движење „Пет ѕвезди“ во сите шест изборни круга гласаше за неговиот кандидат – професорот по право Стефано Родота. Транспарентно и консеквентно, сосема поинаку од пратениците на Демократската партија. Многу од нив му ја откажаа верноста на својот партиски секретар. Демократската партија повеќе не постои, објаснија повеќе пратеници по повлекувањето на кандидатурата на поранешниот премиер Романо Проди. На крајот Берсани мораше да се договори со Монти и Берлускони за повторен избор на 87-годишниот Џорџио Наполитано.

„Срамота е каква бесмислена слика праќаме во Европа. Апсурдно“, вели Џузепе Пагила, кој самиот 20 години работеше на левичарската општинска политика во Ломбардија, а сега на јакната носи налепница од движењето „Пет ѕвезди“. Тој смета дека е добро што „генерацијата под 40 години“ политички се ангажира. „Луѓето сакаат промени, обнова. Но, што прават политичарите? Вака ли изгледа обновата? Демократската партија мораше претходно да ги замени своите раководни сили“, додава Пагила.

Italien Präsidentschaftswahl Parlament Rome

Претседател на државата се избра во шестиот круг гласање во парламентот

Демократската партија бара нов лидер

Матео Ренци, младиот градоначалник на Фиренца, има амбиција за улогата на партиски шеф. Од пред неколку месеци тој предводи мала внатрешна битка против Пјер Луиџи Берсани. Сега тој се смета дека е „принцот-наследник“.

Додека политичарите се пазарат за моќ, италијанската економија тоне. Од почетокот на годинава околу 4.000 фирми отидоа во банкрот, а куповната моќ на граѓаните во рамките на една година е намалена за пет проценти.

„Изморени сме. Гледам колку им е лошо на луѓето, колкумина од нив ја загубиле работата“, вели Анарита Пече, која има трафика во трговски центар северно од Милано.

Втор мандат за формирање влада?

Italien Wahl Wahlen Präsidentenwahl Berlusconi

Без Берлускони не може да се формира владината коалиција

На Наполитано не се гледаше дека ќе има втор мандат и тоа беше нагласено повеќепати. Тој на крајот не можеше да побегне од одговорноста, бидејќи само така ќе се ослободи патот за создавање влада. Наполитано бил уверен од Берсани, Монти и Берлускони дека тие ќе формираат коалиција, како што пишуваат италијанските весници. Берсани по изборната победа, која не му обезбеди владино мнозинство, изјави дека во ниту еден случај нема да ја земе партијата на Берлускони ПДЛ во владата. Но, без Берлускони не е можно, бидејќи пратениците на движењето „Пет ѕвезди“ по кажаното НЕ од раковотството на Демократската партија за нивниот посакуван кандидат Стефано Родота се’ појасно е дека тие одат во опозиција.