1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Голема кинеска инвестиција во Германија

Кинескиот државен концерн Сани инвестираше 100 милиони евра во местото Бедбург во германската покраина Северна Рајна Вестфалија. Тоа е најголема кинеска инвестиција во Европа досега.

default

Седиштето на кинескиот концерн Сани за Европа е во германскиот Бедбург

Таа стои во германското место Бедбург од летото- првата од повеќето производни фабрички хали. Тука кинескиот државен концерн Сани произведува мешалки и пумпи за бетон. 100 милиони евра чинеше оваа фабрика.

Германските стандарди се највисоки во Европа

Eröffnung Fertigungshalle Baumaschinen Sany China

Производната хала на Санз во Бедбург

Тоа е најголемата директна инвестиција на Кина досега во Европа. Но со сигурност не и последна, бидејќи кинеското раководство со таквите проекти следи една стратегија.

„Ние целиме на европскиот пазар, затоа нашите производи треба да го достигнат европскиот стандард. Германските стандарди се највисоки во Европа“, вели Хе Донгдонг, шеф на Сани за Германија.

Кинескиот државен концерн Сани има намера да го прошири проектот во Бедбург. Тоа одговорара на вкупната слика, бидејќи во последните десет години, Кина повеќекратно ги зголеми инвестициите во Германија.

Автор: Уте Валтер/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска