1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Голема излезност на вонредните парламентарни избори

Масовна излезност на вонредните парламентарни избори, според се’ уште неофицијалните информации од Државната изборна комисија.

default

Прес-конференција на ДИК, претпладнето на 05.06.2011

Македонските граѓани во голем број излегоа на седмите по ред парламентарни избори во земјата. Според неофицијалните податоци кои досега ги соопштуваат Државната изборна комисија и штабовите на двете најголеми политички партии во земјата, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, одзивот на гласачите на национално ниво бил над 64 проценти.

Во однос на изборните циклуси во 2006-та (56 проценти одзив) и 2008-та година (57 проценти одзив), кога исто така се одржаа вонредни парламентарни избори, излезноста годинава е поголема за повеќе од 8 проценти.

По изборни единици, одзивот во Изборната единица 1 бил 66,4 проценти. Во втората изборна единица, излезноста била 62 отсто, во третата- 72,8 отсто, во четвртата- 73,8, во петката-53,1 и во шестата изборна единица била регистрирана најмал одзив од околу 42 отсто од регистрираните избирачи.

Државната изборна комисија се’ уште не одржала прес-конференција, а според информации на дел од македонските медиуми, ДИК се соочува со проблеми со серверот, па оттука и застојот.

Засега ниту политичките партии не излегуваат со подетални податоци за одзивот, ниту за резултатите од изборите. Според партиските штабови и првичните информации од ДИК, досега се пребројани само мал број гласови и тоа во помалите гласачки места, и владејачката ВМРО-ДПМНЕ е во мала предноста пред опозициската СДСМ. Во албанскиот политички блок, неофицијалните информации велат дека ДУИ однела убедлива победа, а симпатизерите на оваа партија веќе ја слават победата во партиското седиште во Мала Речица.

Автор: Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM