1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Голема битка на „Адидас“, „Најки“ и „Пума“ во пресрет на СП

Светското првенство во Бразил ќе биде голем фудбалски празник. Навивачите со нетрпение го оечкуваат турнирот, исто како и производителите на спортска опрема. Адидас, Најки и Пума се надеваат на голема заработка.

По изненадувачки лошите резултати во текот на летото, во Адидас со оптимизам ја очекуваат 2014. година и СП во Бразил. Во германскиот концерн тврдат дека веќе се регистрира пораст на побарувачката за дресови, топки, копачки и навивачки реквизити. Адидас неодамна ја претстави и новата колекција која во Бразил ќе ја носат германските репрезентативци. На пазарот, таа стигна во вистинско време, непосредно пред почетокот на божикниот шопинг. Според актуелните податоци од малопродажбата, новите дресови на „елфот“ се барана роба која сигурно ќе се најде и под божикните елки.

На ова, од Најки реагираа со презентација на новите дресови на домаќините на Мундијалот.

„Голема чест ни претставува што можевме да го креираме бразилскиот дрес“, изјави шефот на Најки, Тревор Едвардс. Дресот се одликува со „иновативни функции, дизајн инспириран од културата и еколошки материјали“. Звучи поетски? Тоа е официјалниот опис на новиот дрес на петкратните шампиони.

Confederations Cup / Brasilien - Spanien / 3:0 Fred

Новите дресови на репрезентацијата на Бразил

Адидас најавува дека во 2014. прометот на компанијата (само за фудбалските производи) би можел да порасне за околу 300 милиони евра (на вкупно две милијарди) и тоа благодарение токму на турнирот во Бразил. Првиот човек Херберт Хајнер тврди дека Адидас е подготвен за големиот двобој со вечниот конкурент Најки. На среден рок, Адидас сака да ги престигне американските конкуренти и да стане најголем глобален производител на спортски артикли. „Добро напредуваме и до 2015. сакаме да го зголемиме вкупниот промет на 17 милијарди евра“, најавува Хајнер. Тековната календарска година, прометот ќе изнесува околу 13 милијарди евра.

Битка за „амбасадори“

Во реализација на плановите, на германскиот производител, треба да му помогне и долгорочната соработка со ФИФА. Светската фудбалска федерација и Адидас во ноември потпишаа нов договор за соработка кој важи до 2030. година. Адидас има статус на „официјален партнер“ кој на Германците им овозможува на пазарот ексклузивно да ги промовираат најважните турнири во светот на фудбалот. Соработката на двата партнери започна уште во 1970. година. Адидас последниве години ја зајакна соработката и со големите клубови и со фудбалските ѕвезди, со цел да ја урне доминацијата на Најки. Освен Бајерн Минхен, Реал Мадрид и Милан, „амбасадори“ на Адидас се и Лионел Меси, Месут Езил и Бастијан Швајнштајгер.

Leichtathletik-WM Moskau

Усеин Болт

Големи амбиции во пресрет на СП има и третиот голем играч на пазарот на спортска опрема, германската „Пума“. Фирмата чие седиште е во непосредна близина на Адидас (основачи на двете компании се двајцата браќа Даслер) сака да ги остави зад себе лошите вести од 2013 година. Рецептот за успех е сепак поинаков. За разлика од Адидас каде оптимизмот го темелат на спортскиот турнир, во Пума се надеваат дека позитивниот тренд ќе го донесе новиот шеф Бјорн Гулден. На својата прва прес-конференција, на која се појави во лежерна спортска гардероба, тој најави големи промени. По Адидас и Најки, Пума е третиот најголем актер на спортскиот пазар. Гулден вели дека компанијата ќе мора побрзо да реагира на трендовите на пазарот, или уште подобро: сама да креира трендови. Идната година Пума ќе пласира неколку нови рекламни кампањи со своите „амбасадори“ Усеин Болт и Марко Ројс (Борусија Дортмунд).