1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Годишнина од убиството на Мартин Лутер Кинг

Во американскиот град Мемфис денеска (04.04) се одбележуваат 45 години од смртта на борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг. Градот ќе именува една улица по него, а ќе биде изведен и традиционалниот синдикален марш.

По повод годишнината од смртта на Мартин Лутер Кинг неделава се појави досега неприкажана снимка на неговиот убиец Џејмс Ерл Реј, направена непосредно по неговото апсење во 1968 година. Во Мемфис, главниот град на американската сојузна држава Тенеси, годишнината од смртта на Кинг ќе биде одбележана со синдикална прошетка по должината на „штрајкувачката патека од 1968“.

На 4. април 1968 година Кинг дојде во Мемфис за да го поддржи штрајкот на санитарните работници. Убиен е додека стоел на балконот на, сега веќе бившиот, мотел Лорејн. Неговиот убиец Реј е уапсен на лондонскиот аеродром Хитроу два месецa подоцна. Овој избеган затвореник од државниот затвор во Мисури, стигнал до Велика Британија со лажен канадски пасош, а оттаму сакал да избега во Африка. Подоцна, го признава убиството и е осуден на 99 години затвор, каде и умира во 1998 година. Новиот филм кој беше пронајден го прикажува транспортот на Реј во САД со транспортен авион.