1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Годишнина од смртта на папата Јован Павле втори

Десетици илјади верници вчеравечер во Рим му оддадоа почит на, пред една година починатиот папа, Јован Павле втори. Во 21 часот и 37 минути, кога почина папата, на плоштадот Свети Петар беше одржана минута молчење за човекот што ја водеше римо-католичката црква 26 години.

Папата Бенедикт 16-ти говореше за својот претходник

Папата Бенедикт 16-ти говореше за својот претходник

“Тој е во нашите мисли и нашите срца и и натаму ни ја пренесува неговата љубов кон бога и кон луѓетп“, рече од својот прозорец на плоштадот Свети Петар, патата Бенедикт 16-ти. Тој додаде: “Јован Павле им ја доближи на луѓето вредноста на животот дури и во моментите кога беше слаб и кога му се приближуваше крајот. Храбро и се спротивстави на болеста и не направи посвесни за човековата болка. На страдањето му даде достоинство и вредност“., говореше пред илајдниците верници меѓу морето свеќи, папата Бенедикт 16-ти потсетувајќи се на својот претходник.

На полските верници кои допатуваа во Рим, тој им се обрати на полски, а неговата порака беше во живо пренесувана во Полска, каде токму во часот на смртта на Јован Павле биеја камбаните, а беа одржани и голем број богослужби. “Токму во овие моменти тој ја доживуваше последната фаза од својот аџилак на земјата, аџилак на вера, љубов и надеж...“...кој остави длабока трага во историјата на црквата и човештвото“, рече папата Бенедикт.

Големиот број аџии се залагаат за прогласување на Јован Павле втори за светец што е можно побргу. Кон нивните желби се приклучуваат и германските кардинали. Келнскиот кардинал, Јоахим Мајснер, дава поддршка на ваквите барања, а минхенскиот надбискуп, Фридрих Ветер, го истакнува сеуште постоечкото дејство на мисионерската сила на Јован Павле втори. Според него, претходниот папа бил адвокат на слободата, мирот, праведноста и човековото достоинство.

Само неколку месеци по смртта на претходниот папа, католичката црква отвори постапка за негово прогласување за блажен, што е претчекор на прогласувањето за светец. Бенедикт 16-ти рече:

“Сие ние сакаме да му се заблагодариме на бога за овој голем човек и заштитник на црквата.“