1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Годишнина од масакрот во Пекинг

Денеска по 17 пат се одбележува годишнината од масакрот на Плоштадот на небесниот мир во Пекинг.До денеска кинеското раководство не покажа готовност за преработка на историјата,а и денеска некои луѓе се водат за исчезнати

Студентските протести во 1989 година

Студентските протести во 1989 година

.

Ноќта меѓу 3 и 4 јуни 1989 година во Пекинг.Истрелите дојдоа од Тјенамен,Плоштадот на Небесниот мир.Овде веќе со недели со штрајк со глад демонстрираа околу 3 илјади граѓани за повеќе демократија.Потоа настапија кинеските трупи.Сликата на еден студент,Чанг Ан Јие,кој со испружена рака сака да го запре тенкот кој едноставно го прегазува,го обиколи светот.4 јуни важи за ден кога беше крваво поразено мировното демократско движење во Пекинг.

До денеска не с езане колку луѓе загинаа.Официјално,беа 200,статистиките на Црвениот крст поаѓаат од десетпати повисоки бројки.Сеуште има луѓе на кои не им се знае трагата.Мајката ги бараат своите деца како Динг Цилин:

-Мојот син исчезна на 3 јуни 1989 година.Никој не знае каде е,неговото семејство и денеска го чека.Сите потраги беа залудни.Првите две години по масакрот сакав да умрам.Се решив за животот само за да го прекинам молчењето.

Но,болката поради загубата и денеска е присутна,и по 17 години.Во 1991 година Динг Цилин започна да ги бара другите мајки кои ги загубија синовите.Групата е позната под името Мајките на Тјенанмен.Тие заеднички ги запишуваа имињата на загинатите и нивните стории,се обратија пред највисокиот суд.Нивната молба беше одбиена.Динг Цилин оттогаш беше следена од полицијата,а на секоја годишнина е во куќен притвор,телефонската линија и ја исклучуваат.Но,нејзе постојано и успева да објави писма,последното беше пред неколку дена.

Во него та бара извинување од владата и оштета.

Кинеската влада не ни помислува на тоа.Масакрот беше и останува табу тема,Историчарите мораат да го прескокнуваат датумот или да го одбележат како задушување на контрареволуционерни немири.Никој не смее да извстува за него,се цензурираат и интернет страниците.Но,Мајките од Тјенанмен не се предаваат,како што вели и едната од нив,Чанг:

-Владата спречи секакво расвелтување.Мислма дека е таа обврзана да разговара со нас;Ние сме против насилството,но бараме правда за нашите деца и дугите жртви ,никогаш нема да се откажеме.