1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Годишнина од масакрот во Катин

Полскиот и рускиот премиер денеска за првпат заеднички ја одбележаа годишнината од масакрот во Катин. Од убиството на илјадници полски офицери, интелектуалци, лекари, адвокати, минаа 70 години.

default

Долги години, советската пропаганда за масакрот ја обвинуваше нацистичка Германија, но вистината излезе на виделина во 1990 година, кога Михаил Горбачов ја призна вината на неговата држава.

На почетокот на годинава веста се најде на насловните страници на сите полски весници: рускиот премиер Владимир Путин го покани неговиот полски колега Доналд Туск на прво заедничко одбележување на 70-годишнината од масакрот во Катин. Туск ја прифати поканата, но предупреди да нема преголеми очекувања.

„Нашето гледање на овој настан се’ уште е далеку од традиционалниот руски поглед на историјата. Она што руската страна го гледа како голем чекор напред, за нас претставува само еден мал чекор. Но, таквите чекори сепак мора еднаш да се направат и затоа со задоволство ја прифатив поканата на премиерот Путин“.

Москва ги обвинуваше нацистите

Со децении Москва ги обвинуваше националсоцијалистите за масакрот, се’ до 1990 година, кога Михаил Горбачов призна дека злосторството го извршиле агенти на советската тајна служба по наредба на Сталин. Но целосната вистина никогаш не излезе на виделина затоа што во 2004 година рускиот воен суд го одби барањето за целосно отворање на досиејата, со образложение

Mord polnischer Offiziere vom KGB in Katyn

дека станува збор за воена тајна. Оттогаш, нов ѕид на молкот го опкружува злосторството во Катин, вели историчарот Анджеј Пжевозник. „Од пред повеќе години, всушност, и нема дијалог меѓу Полска и Русија за ова прашање. Затворањето на истрагата и тврдењето на руското обвинителство дека станува збор за обично злосторство, а не за геноцид, е всушност едно параноично однесување. Се надевам дека ова вртење во круг наскоро ќе заврши“.

Катин е сцена на само еден од многуте масакри кои биле извршени врз Полјаците од режимот на Сталин. Повеќе од 20 илјади луѓе биле егзекутирани на други места во Русија, Белорусија, Полска и Украина. Советите ја збришале целата тогашна полска елита, иднината на земјата, тврди Пжевозник. „Ние не велиме дека е тоа руско злосторство, туку дека е комунистичко злосторство. По 123 години под ропство, Полска со големи потешкотии повторно воскресна. И тогаш, по само 20 години независност, сета интелектуална елита на земјата беше збришана со еден удар. Оваа голема загуба се чувствува дури и денес“, вели историчарот.

Семејствата се’ уште се соочуваат со загубата

Polen Katyn

Фактот што масакрот во Катинската шума не е признат како геноцид и што списокот со имињата на Полјаците убиени во Белорусија до денес не е објавен, е најболен за семејствата на жртвите. „За мене е тоа секогаш тажен датум. Со години без татко и во постојана потрага по вистината, тоа е депресивно. За мене како ќерка, тоа значи само болка и жалост. До денес се обидувам да пронајдам каква било информација која се однесува на мојот татко“, вели Витомила Јежиерска, ќерка на еден од убиените полски офицери.

Поради внатрешно-политичките окполности во Полска, но и затегнатите односи со Москва, освен денешната церемонија, која ќе ја предводат премиерите Путин и Туск, на 10 април ќе се одржи уште една која ја организира полскиот претседател Лех Качински.

Во знак на почит кон жртвите од масакрот, во петокот руската јавна телевизија „Култура“ го прикажа филмот „Катин“ на полскиот режисер Анджеј Вајда посветен на масакрот.

Автор: Лудгер Казмиержак/ Борис Георгиевски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM