1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Годишнина од востанието против Гадафи

Протестите против повеќедеценискиот властодржец Моамер ел Гадафи започнаа во февруари минатата година во источните либиски градови Ал Баидха и Бенгази.

default

Во повеќе градови во Либија денеска со големи свечености ќе биде прославена првата годишнина од почеток на востанието со кое од власт беше соборен долгогодишниот властодржец Моамер ел Гадафи. Прославите ќе се оддржат под огромни мерки за безбедност поради стравувањата од можни напади на приврзениците на Гадафи. Револуционерните бригади затоа како мерка на претпазливост уапсија голем број лица за кои постои сомневање дека се приврзаници на стариот режим во Либија.

Истотака припадниците на либиските милиции се повикани за време на свеченостите и комеморациите за жртвите на востанието да не пукаат во воздух. Протестите против Гадафи започнаа во февруари минатата година во источните градови Ал Баидха и Бенгази. Гадафи на овие протести одговори со насилство односно неговите сили започнаа да пукаат врз демонстрантите. Набргу протестите прераснаа во вооружен конфликт во кој подоцна се вклучи и НАТО со воздушни напади врз силите на Гадафи.

Тој во летото 2011 беше протеран од главниот град Триполи, а потоа и убиен во октомври во родниот град Сирт.

Автор: СН/ БГ/ дпа/ афп

Редактор: Александра Трајковска