1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

„Година на пријателството„ меѓу Германија и Полска

Германскиот претседател Хорст Келер и неговиот полски колега по функција Александар Квашњевски денеска во Берлин свечено ја промовираа годината на германско-полското пријателство.

Квашњевски и Келер во Берлин

Квашњевски и Келер во Берлин

„Основата на нашите врски е толку солидна, што подобра не може ни да биде„ порача Келер и додаде: „Нас не не поврзуваат само заедничките интeреси, туку и заеднички темелни вредности и цели„

Пристапувањето на Полска кон ЕУ германскиот претседател го означи како голем успех. Тоа предизвика голема стопанска динамика, што како резултат доведе до тоа полското стопанство да се развива толку добро, што човек може само да му завидува, нагласи Келер на свеченоста во Берлин. Осврнувајќи се, пак, на темните страници од заедничката историја, Келер рече: „Не бевме свесни дека сме си како соседи од Бога дадени, на што посочи и Папата Бенедикт 16-ти. Станува збор за „лукавство на историјата„ што по полскиот Папа на чело на Католичката црква застана Германец. Тоа би можело да ги приближи двата народа уште повеќе.

Александар Квашњевски го посочи взаемното запознавање на двата народа како најдобар против отров за надминување на историските стереотипи и стари рани со оглед на не така одамнешната историја. Полскиот претседател оцени дека обете земји можат да дадат голем придонес за натамошниот развој на Европа. Во тоа спаѓа и заедничката политика кон земјите од Истокот на европскиот континент, како што е приближувањето на Украина кон Унијата.