1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Година на отрезнување

Коментар на Хајнц Дилонг коментира

Ангела Меркел

Ангела Меркел

Една коалиција не е брак од љубов – оваа позната мудрост се разбира важи и за сојузот на ЦДУ/ЦСУ и СПД, кој е една година на власт. Чисто математички, по изборите во 2005 година беа можни и други коалиции, но политички беше реална само голема коалиција. Така, унијата и СПД, првпат по 36 години се најдоа во заедничка влада на сојузно ниво.

Со нејзиното големо дво-третинско мнозинство во Бундестагот и јасното мнозинство во Бундесратот, коалицијата понуди многу простор за различни надежи, зашто сега како голема коалиција можеше да се пристапи кон решавање на оние проблеми кои инаку поради меѓусебните спротивни ставови остануваат отворени. Но, такво нешто сега не може да се констатира. Бројот на невработени, кој се намалува, е повеќе резултат на порастот на конјуктурата и на претходната политика на црвено-зелените. Многу дискутираната здравствена реформа не остава впечаток на темелно преструктуирање на германскиот здравствен систем. И, тоа што буџетот е на сериозен курс на консолидација исто така има повеќе врска со конјукурата отколку со уметноста на владеење на коалицијата. Со реформата на федерализмот, сепак е направен голем чекор кон во вистинска насока. Но, прашањето на распределба на финансиските средства е сеуште отворено и се заканува да стане конфликтна точка.

На извесен начин, ова укажува на основниот проблем на канцеларката Ангела Меркел и на коалицијата. Тие постојано се соочуваат со престрелките на покраинските премиери од редовите на унијата. Тоа не и го олеснува владеењето на Меркел, туку многу повеќе се почесто бара нови способности за модерација. Но, тоа и онака е веројатно најголемиот квалитет на шефот на владата. Со оглед на двата по големина речиси еднакви партнери, уставната компетенција на канцеларката да ги определува насоките, во однос на министрите на СПД е само една теоретска величина.

И, и покрај сета номинална јачина на владата, не може да се превиди дека нејзе практично и недостига центар на моќ. Со Меркел како лидер на ЦДУ, само една од трите партии кои ја сочинуваат власта е застапена во владата директно со свој лидер. Тоа на останатите двајца им дава можност, според потреба, да се дистанцираат од владата во Берлин – простор за игра кој повеќе го користи лидерот на ЦСУ, Едмунд Штојбер, отколку шефот на СПД, Курт Бек. И, тука се и 11 покраински премиери на унијата, вклучувајќи го и Штојбер, кои предводат најразлични коалиции во покраините и кои следат свои интереси. Погледот кон Берлин е само еден меѓу многуте – за канцеларката Меркел тоа не се добри изгледи.