1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Говорот на Асад го предомисли Штајнмаер

Откако го слушна говорот на сирискиот претседател Башер Ел Асад, шефот на германската дипломатија Штајнмаер не слета во Дамаск. По негативните тонови кои ги доведуваат во прашање вредностите на резолуцијата за Либан, Штајнмаер одлучи дека разговорите би биле бесмислени

Штајнмаер не отпатува во Дамаск

Штајнмаер не отпатува во Дамаск

Говорот на претседателот Асад е негативен и тој не ја искористи шансата што му се укажа - со овие зборови германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го објасни откажувањето на посетата на Сирија. Сирискиот претседател Башар Ел Асад вчера имено одржа прв јавен говор од избивањето на конфликтот во Либан во кој оцени:

„ САД и Израел се многу далеку од мирот. Израел е нашиот непријател и воопшто не работи за мир. Мир значи дека Израел мора да ги врати окупираните територии, но тоа е држава што е изградена врз агресија и таа не сака мир, во тоа ништо не се промени. Постојано се повторува дека е потребен американски ангажман за мир, но САД се одговорни за оваа војна што е спротивно на волјата за мир.“

Сирискиот претседател уште додаде дека надежите за мир се пропаднати и тој не гледа дека во догледно време тој може да се оствари.

По ваквите остри изјави на Башар ел Асад, германскиот министер за надворешни работи Штајнмајер посочи:

„Тоа беше недвосмислено ставање под знак прашалник на вредностите на резолуцијата на ОН, што беше донесена со многу напор, тоа е повторно враќање на целата мистика на отпор, тоа е повик можните решенија за блискоисточниот конфликт да се бараат без Израел. Ве молам за разбирање, сето тоа се аспекти кои во овој момент не нудат основа за посета на Дамаск.“

Сирија инаку пред неколку дена сигнализираше дека таа би можела да го искористи влијанието врз Хезболах и да посредува во решавањето на кризата. Посетата на Штајнмаер имаше за цел да ја утврди ваквата готовност. Со оглед на тоа дека посетата на шефот на германската дипломатија беше договорена со САД, тој на некој начин требаше да биде и посредник меѓу Дамаск и Вашингтон. За конструктивната улога Сирија секако очекуваше нешто за возврат.

Добриот познавач на блиско-источните прилики Михаел Лидерс оценува дека:

„Сирија следи голем стратешки интерес, а тоа е враќањето на Голанската висорамнина, окупирана од Израел во 1967-та година. Порано имаше и преговори и тукуречи беше пронајдено и компромисно решение, но тогаш во 1995-та беше убиен израелскиот премиер Јицак Рабин и преговорите беа прекинати.„

Лидерс смета дека целата поддршка за Хезболах милицијата спаѓа во политичката калкулација на Сирија за во евентуална политичка трампа да се откаже од поддршката за муслиманските екстремисти во Либан, а за возврат да ја добие Голанската висорамнина.