1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Гневот расте

Изјавите на Папата Бенедикт 16-ти за пророкот Мохамед и за насилството во религијата меѓу Муслиманите во светот предизвика бура од незадовослтво. Ватикан пак се обидува да ги намали штетите.

Протести на индиски Муслимани

Протести на индиски Муслимани

Во исламскиот свет расте јавната критика за изјавите на Папата Бенедикт 16-ти . Делот од неговиот говор кој го држеше во германскиот град Регенсбург , и во кој го цитираше византискиот крал Мануел Втори , се смета за провокација насочена кон Исламот. Во Јордан , муслиманската опозиција ги осуди зборовите на Папата. Еден од верските лидери , Шеикот Хамза мансур дека само лично извинување од Папата може да ја исправи навредата на милијарда Муслимани. И православниот патријарх во Јордан го критикуваше Папата . Неговите погледи водат кон нарушување на добрите односи меѓу Муслиманите и христијаните-порача тој

По палестинската автономна област во појасот на Газа експлодираше граната во близина на една црква, меѓутоа немаше жртви. Палестинскиот премиер Исмаил ханија го повика Папата да ги запре своите напади кон Исламот. Лично извнинување од папата во Бејрут побара и еден од највисоките шиитски свештеници во исламскиот свет.

Во Сирија пак почитуван истражувач на Коранот истакна дека се надева дека изјавите на Бенедикт 16 биле лошо пренесени.

Ахмед катами , радикалниот ирански свештеник во изјавата за државното радио во техеран го нападна папата дека давал лекомислени изјави на кои Муслиманите од целиот свет соодветно ќе реагираат.

Организација на Исламската Конференција го обвини поглаварот на римокатоличката црква дека започнал кампања на клевети против Исламот и пророкот Мохамед. 57-члената организација го повика Ватикан да се врати кон политиката на дијалог.

И владата на Египет се приклучи кон критиката на Бенедикт 16-ти . Неговите изјави се закануваат да ги нарушат настојувањата за за приближување на Истокот и Западот- стои во реакцијата на министерот за надворешни работи. Муслиманското братство од Египет пак побара извинување од Папата , или во спротивно побара исламските земји да ги прекинат дносите со Ватикан . И пакистанскиот парламент во резолуција побара од Бенедикт 16-ти да ги повлече своите изјави.

Во меѓувреме Ватикан се обидува да ги намали штетите. Папата во никој случај немал намера да ги навреди чуствата на Муслиманите-изјави портпаролот на Ватикан, Фредерико Ломбарди

Бенедикт 16-ти за залага за дијалог и респект кон другите религии-дополни Ломбарди.